Delcevo - Makedonija
ГЛАВНО МЕНИ
•  Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура
•  Историјат
•  Телефонски именик
•  Спорт
•  Галерија
 
•  FORUM
•  CHAT
 
•  Контакт
•  Impressum
•  Линкови
 Култура
„Јас го разбирам светот единствено како поле за културно натпреварување меѓу народите“
 
 
Гоце Делчев
 
 
Носители на културните активности во општината се: Домот на културата „Н.Ј.Вапцаров“, Матичната библиотека „Илинден“, КУД „Гоце Делчев“, Драмското студио при Домот на културата, како и неколку здруженија на граѓани чија дејност е негување на изворниот мелос, модерната музика, сликарството и сл.
 

 
Манифестации
 
Најзначајна културно-научна манифестација е „Гоцеви Денови“ која традиционално се одржува секоја година, во почетокот на месец јуни. Манифестацијата првпат започна во Делчево во 1966 година и набргу од локален преку државен доби интернационален карактер.
 

 
Наследство  
Заради поволните климатски услови, Пијанечката Котлина била населена во континуитет од праисторијата до денес.
 

 
Споменично и културно наследство  
Црквите и манастирите изградени кон средината на 19 и почетокот на 20 век претставуваат знаменити обележја за Делчево и околните места. Најзначајна и најстара е црквата Св.Петка во Селник, изградена во 13 век, а живописана во 16 век.
 

 
Народни носии и везови  
Изобилството со волна, коноп и памук во минатото давало поволни можности за развој на текстилното творештво во кое се вткаени умешноста, досетливоста и духот на живеењето на жената како народен творец.
 

 
Драмско студио 2000  
Аматерското „Драмско студио 2000“ - Делчево е формирано во Септември 2000 година во Делчево во склоп на домот на културата „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево, врз основите на претходното драмско студио, по иницијатива на домот на културата „Н.Ј.Вапцаров” и Миле Горгијоски. Во ова драмско студио членуваа некои од добро познатите постари членови од претходното драмско студио, а беа примени и неколку нови но доста надежни членови.
 

 
Културно уметничко друштво „Гоце Делчев“  
Македонскиот фолклор надалеку познат по својата мелоритмичка убавина и богатство, на најдобар можен начин го презентираат и афирмираат културно уметничките друштва.
Во овој домен мошне значаен е и придонесот на КУД „Гоце Делчев“ од Делчево, Република Македонија, кој што го носи името на големиот македонски револуционер.
 

 
Разловечко востание  
Слободољубивиот и непокорлив народ од овој крај својот револт против турските злодела-потурчувањето, даночните злоупотреби и друго го изразил во првото организирано востание на македонскиот народ против турското ропство од 8 мај 1876 година познато под името Разловечко востание.
 

 
Етно парк „ПИЈАНЕЦ“  
Пијанечкиот крај е еден од ретките посебни предели во Република Македонија, кој благодарение на својата географска и етничка изолираност, претставува посебна етнографска целина со мошне разновидни и релативно добро сочувани култирни добра од исклучива споменична вредност.

Suchmaschinenoptimierung
НАЈНОВИ ВЕСТИ