Delcevo - Makedonija
ГЛАВНО МЕНИ
•  Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура
•  Историјат
•  Телефонски именик
•  Спорт
•  Галерија
 
•  FORUM
•  CHAT
 
•  Контакт
•  Impressum
•  Линкови
 Welcome to Delcevo

Oпшти информации за општина Делчево

Општината Делчево има површина од 423 км² и 22 населени места и тоа:

Делчево, со селата: Бигла, Ветрен, Вирче, Вратиславци, Габрово, Град, Драмче, Ѕвегор, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, Полето, Разловци, Селник, Стамер, Стар Истевник, Тработивиште, Турија и Чифлик.

Во нив живеат 17.713 жители, од кои 10.454 во општинскиот центар.

Релативна влажност: 93% Притисок: 1026.1 милибари

Надморскта висина на градит Делчево изнесува 590 - 660 m.
 
 

Клима

Климата во Општина Делчево е континентална источно-европска со модифициран плувиометриски режим. Просечната годишна температура во Делчево изнесува 10,7°С, со апсолутен минимум од -26°С и апсолутен максимум од 37°С, додека на планините просечната годишна температура паѓа до 3,5°С. Најтопол месец е август, а најстуден е месец јануари. Пролетта е секогаш постудена од есента. Облачноста не е голема, така што во годината доминираат
сончеви и ведри денови. Просечните годишни количини
на врнежи во Делчево изнесуваат 548 мм, а на планините
над 1.600 м.н.в. и до 1.000 мм. Врнежите, иако се релативно ниски, нивниот распоред во вегетациониот период
(април-септември) е поволен и изнесува над 50% од вкупните
годишни врнежи. Вегетациониот период со температура повисока од 10°С
трае 191 ден во текот на годината. Ваквата поволна клима
овозможува виреење на разни растенија, а воедно претставува
и многу погоден природен услов за развој на туризмот
во овој крај.
 
 

Центар за поддрска на невладини организации во Делчево

Во Делчево работи центар за поддршка на невладини организации кој е финансиран од Фондација Институт Отворено Општество Македонија и Европска агенција за реконструкција.



Тел 033/411-727 fax 033/411-423

Координатори на центарот се:

Тони Стоименовски
Тереза Филбок
 
 

Внесување на вести

Ѓи известуваме сите посетители и членови на сајтот дека за внесување на вести постојат одредени правила кои можете да ги најдете на сатов.
Треба да е пишано на кирилица и да биде вест која е вредна за главна страница.
Сите други вести ве молиме да ги ставате на форумот каде сто можат да се дискутираат со останатите членови на форумот.

Ви благодариме за соработката
Delcevskiot web direktorium

Спонзори: Balkan Shop
 
 

Платиниумска награда на светско ниво

Tим од четири ученици од Општинското Средно Училиште „Методи Митевски Брицо“ од Делчево и членови на локални НВОи се добитници на најпрестижната награда (Platinum Prize Award) за најдобра веб страна [www.fightpoverty.mmbrico.com] која го едуцира светот за проблемот со детската сиромаштија и го повикува да изнајде решение за негово решавање. Од 306 пријавени проекти од 46 различни држави, токму тимот од Р.Македонија од Делчево го освои највисокото место на натреварот Doors to Diplomacy 2006 [www.globalschoolhouse.org/DOORS/] кој беше организиран и спонзориран од организацијата Global School Net [www.gsn.org] и Владата на Соединетите Американски Држави. Ова место тимот од Делчево го доби заедно со уште едно средно училиште од Флорида, САД.

Секој член од тимот ќе добие 2 000 $ стипендија, додека професорката која го водеше тимот, Роза Стаменковска, ќе добие 500 $. Исто така учениците ќе добијат и дипломи кои понатаму ќе им помогнат за нивно понатамошно школување.

Членови на тимот и добитници на престижната награда се:

Ø Ана Ѓеорѓиевска (webmaster)

Ø Елена Георгиевска (data manager)

Ø Зоран Димитровски (manager assistant)

Ø Жикица Паговски (PR, contact person)

За нас како мало место, претставува големо задоволство да се открие дека постојат амбициозни и талентирани млади луѓе кои се способни да отсварат успеси во светски рамки. Тоа е голем успех, како за нив, така и за Р.Македонија. Ни преостанува само да им честитаме и да им пожеламе и понатаму да освојуваат уште повисоки награди и да нижат успеси.

Тони Стоименовски
Центар за Поддршка на НВО Делчево
 
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ