Delcevo - Makedonija
ГЛАВНО МЕНИ
•  Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура
•  Историјат
•  Телефонски именик
•  Спорт
•  Галерија
 
•  FORUM
•  CHAT
 
•  Контакт
•  Impressum
•  Линкови
 Демографија
Демографска состојба на населението во Општина Делчево
 
 
Од анализа на демографската состојба во руралниот дел на општината, бројот на жители по домаќинство, старосната структура на населението и слично, извлечени се заклучоци за перспективите и опстанокот на одредени селски населби, а особено на оние од т.н. раштркан тип (населби со повеќе маала оддалечени значително од централниот дел на руралната средина). Ваквиот тип на населби главно се наоѓа во ридско-планинските подрачја, каде обработливото земјиште има ниска бонитетна вредност и каде опстанокот на населението претжно се засновува на користењето на пасишта и шуми.

За разлика од овој тип на населби, селата со збиен тип се распространети во рамничарските делови или по рабовите на планинските огранци.

Резултатите од следењето на состојбите укажуваат дека во Општина Делчево 9 селски населби со вкупно население од 1.102 жители (15,4% од селското население) имаат домаќинства кои во просек се составени од 2,65 членови. Вака малиот број на членови по домаќинство покажува дека во овие населби преовладува старечката категорија со мал или никаков прираст. Поради ваквата состојба, перспективите на овие села се безначајни и истите се осудени на бавно биолошко изумирање.

Во 6 селски населби во општината со вкупно население од 2.698 жители (37.6% од селското население) домаќинствата во просек имаат по 3,17 членови. Старечкото население во овие села е најголемо, но не преовладува, што дава надеж дека овие населени месѕа можат дасе одржат доколку благовремено се потпомогне нивниот стопански развој.

Во Општина Делчево има 5 селски населби со вкупно население од 3.256 жители (45,4% од селското население) кои во просек имаат по 3,75 членови по домаќинство. Во овие населби преовладува работоспособно население и населението од возрасните групи до 17 години, додека старечкото население е во нормални граници. Во овие населени места, покрај развојот на сточарството и овоштарството, треба дасе развиваат и некои преработувачки капацитети. Со тоа ќе се намали стремежот за мигрирање на населението кон општинскиот центар или во други средини во земјата и во странство.  

 
Население и населби во општина Делчево
 
Општина Делчево до 1996 година беше една од 34-те општини на Република Македонија. Во 1990 година општината имаше 26.315 жители или 1,2% од населението на Р.Македонија. населението во тој период беше поделено во 30 населби, вклучувајќи ја и градската населба Делчево. Во градот беа концентрирани 34% од населението на општината, а останатиот дел беше распореден во селски населби и во една населба од мешовит тип (Македонска Каменица). Со новата територијална поделба на Република Македонија, со која беа формирани 123 општини, од Општина Делчево е издвоена општината Македонска Каменица, така што денес зафаќа територија од 423 km² со 2/3 од населението на старата Општина. покрај општинскиот центар Делчево, во општината има и 21 селска населба.
 

 
Образование
 
На воспитно-образовниот процес во општината Делчево му се дава големо значење, но за жал во минатото тоа имало асимилаторска улога. Конечно, за првпат во летото 1944 година, во училиштата се слушна македонскиот збор. Денес, воспитно - образовната дејност се изведува во две основни училишта и едно средно државно училиште.



Вработеност
 
 
Како и во целата држава, така и во Општина Делчево, делчевчани се среќаваат со еден од најголемите проблеми на денешницата т.е. невработеноста.
 

 
Полова структура
 

Официјални податоци од 1994 година од РЗС на РМ
 
Според половата структура, во градот и во општината како целина, незначително преовладува машката популација со учество во општината со 50,8%, а во градот со 50,2%. Во однос на механичкото движење на населението, според статистичките податоци земени од Републичкиот завод за статистика, миграционото салдо за 1994 и 1998 година е негативно и изнесува 28 односно 29 отселени лица, соодветно.
 

 
Старосна структура на населението на Општина Делчево
 

Неофицијални податоци од декември 2000 година од Завод за статистика-Штип
 

 
Национална припадност
 

Официјални податоци добиени од Завод за статистика на РМ-Штип за 1994 и 1999 год.

Fahrrad
 
НАЈНОВИ ВЕСТИ