|
|
 |
|
Инфраструктура
|
 |
Водовод
Градот Делчево се снабдува со вода за пиење од атарот на село Тработивиште, каде има изградено водозафат на река Лошана, бунар и филтер станица. Поголем број од руралните населби се снабдуваат со вода преку локалните селски водоводи и чешми. Со цел за долгорочно решавање на водоснабдувањето на градот Делчево, во фаза на изградба е брана и акумулација на река Лошана. Овој хидросистем ќе обезбедува водоснабдување и за сите попатни населби во насока на општинскиот центар.
Комунална инфраструктура
Во градот Делчево одведувањето на комуналните отпадни води се
врши заедно со атмосферските води преку постојната канализациона мрежа. Во тек е
изработка на техничка документација за изградба на станица за пречистување на
отпадни води. Планирано е кон пречистителната станица да се приклучат и селата
Габрово и Звегор. Останатите селски населби не располагаат со канализациони
системи, поради што за поголемите од нив се подготвува изградба на посебни
канализациони системи и автономни станици за прочистување на отпадни
води.
Енергетска инфраструктура
Општина Делчево е поврзана со електро-енергетскиот систем на
Република Македонија преку 110 КВ далновод Кочани-Македонска
Каменица-Делчево-Берово. Преку локалниот електродистрибутивен систем се
обезбедува високо квалитетно и стабилно снабдување со електрична енергија на
градот Делчево и на сите селски населби во
општината.
Телекомуникациска поврзаност
Телекомуникациската поврзаност на општината со останатите
региони на Република Македонија и со странство е
добра.
Патна мрежа
Постојната мрежа на патишта со пропратната опрема и објекти
овозможува релативно добар и безбеден сообраќај на целиот простор на општината.
Со квалитетно изградени асфалтирани патишта се опфатени скоро сите населби, со
исклучок на некои селски населби од разбиен тип.
|
 |
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-05-14 Kоалициона власт во Белград без демократите на Тадиќ ...повеќе
2008-05-14 Напаѓачот врз Ахмети и се предаде на полиција ...повеќе
2008-05-14 НАТО формира центар за заштита од сајбер напади ...повеќе
2008-05-14 НАТО загрижен од инцидентите во Македонија ...повеќе
2008-05-14 Буш со поддршка за Израел ...повеќе
2008-05-14 ЕХФ задоволна од состојбата на салата „Билјанини извори“ ...повеќе
2008-05-14 САД ќе инвестираат 66,5 милиони долари во воени бази во Бугарија ...повеќе
2008-05-14 Грците во Швајцарија ќе тужат за Македонија ...повеќе
2008-05-14 Верските лидери повикаа да престане изборното насилство ...повеќе
2008-05-14 Бесплатен концерт на Чолиќ и Шугабејбс по повод влезот на T-home ...повеќе
2008-05-14 Поставен прв drive up банкомат на Комерцијална банка ...повеќе
2008-05-14 Пронајдено телото на битолчанецот што исчезна во Преспанско езеро ...повеќе
» Останати топ вести |
|