Delcevo - Makedonija
ГЛАВНО МЕНИ
•  Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура
•  Историјат
•  Телефонски именик
•  Спорт
•  Галерија
 
•  FORUM
•  CHAT
 
•  Контакт
•  Impressum
•  Линкови
•  Kreuzfarten
 
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
 
Makedonija: Vesnik.Com - Besplatni mali oglasi na internet!
 ВЕСТИ
Македонија
Македонски визи од денеска во Амбасадата во Тирана
Скопје - 2008-02-01
 
Албанските граѓани кои сакаат дапатуваат во Македонија од денеска треба да вадат визи во македонската Амбасадаво Тирана, наместо на граница.

“Законот за престој и движење настранци од денеска стапува на сила и за Албанија“, потврди за Макфакс портпаролотна македонското МНР Василе Андоновски.

Албанија, оценува дека визите се политичко, а не техничко прашање и оти пред нивното воведување треба да се почека епилоготод разговорите меѓу двете држави.

“Одлуката на македонската Влада за новиот визен режим не треба да стапи насила се додека траат преговорите за изнаоѓање на нов начин за издавање на визиза албанските граѓани“, изјави вчера државниот секретар во албанскотоМинистерство за надворешни работи Ферит Хоџа.

Според портпаролот Андоновски, наредната недела е има средба на експертски тимови на работните групи од дветедржави, кои ги разгледуваат овие прашања.

Македонската Влада, во меѓувреме, најави дека "од клучен интерес заМакедонија е да се обезбеди непречена комуникација помеѓу македонските иалбанските граѓани, и да се продлабочи трговската, бизнис, образовната идругите видови соработка".

Според најавите, премиерите наМакедонија и Албанија Никола Груевски и Сали Бериша треба да се сретнат напочетокот од февруари, "за изнаоѓање трајно решение и надминување на овааситуација".

Законот што е усвоен пред седуммесеци во предвидува европеизирање на процедурата за визи и стапи на сила на1. јануари годинава. Направен е исклучок со Албанија, за чии граѓани беше даденподготвителен период од еден месец.

Новата легислатива, усогласена соБрисел, се однесува за сите држави со кои Македонија има визен режим, а целта еда се воведат стандардни процедури.

Станува збор за околу 150 држави сокои Македонија има визен режим. Од соседите тоа е единствено Албанија. Бугаријаи Грција се членки на ЕУ, а визен режим досега немало со Србија и Косово. /крај/ис


 

 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
2008-08-21
Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ...повеќе

2008-08-21
Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ...повеќе

2008-08-21
Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ...повеќе

2008-08-21
Голем интерес за концесии за патишта ...повеќе

2008-08-21
Декларација за заштита на Охридското Езеро ...повеќе

2008-08-21
САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ...повеќе

2008-08-21
Караџиќ доби една битка во Хашкиот суд ...повеќе

2008-08-21
Поставен камен-темелник за изградба на водовод во Центар Жупа ...повеќе

2008-08-21
Најмалку 20 загинати во експлозија во Исламабад ...повеќе

2008-08-21
Рајс во ненајавена посета на Ирак ...повеќе

2008-08-21
Во Јужна Осетија ќе има само руски миротворци, не и грузиски ...повеќе

2008-08-21
Приливот на капитал во Русија ќе расте за 10 млрд. долари годишно ...повеќе


» Останати топ вести