|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Бан Ки Мун - Одложувањето на идниот статус на Косово опасно
Њујорк - 2008-01-01
Генералниотсекретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки Мун смета дека понатамошнотоодложување на решавањето на идниот статус на Косово би можело да предизвиканестабилност во регионот.
Тој, во извештајот објавен денеска, истовремено наведува дека чувствува извесна непријатност поради можноста, целиот процес да продолжи надвор од Советот за безбедност на ОН.
„Растечкиот институционален ангажманна Европската Унија на Косово е важен, како и отворањето на европскатаперспектива за Косово“, посочува Бан Ки Мун.
Генералниот секретар, како и вонеколку други извештаи, оценува дека меѓу косовските Албанци растат очекувањатаповрзани со решавање на статусот на покраината. Тој нагласува дека задржувањетона „статус кво“ ситуацијата, кое што трае ве е осум години, довело до раст натензиите, можна нестабилност, како и поништување на сите позитивни поместувањанаправени под диригентската палка на УНМИК.
„Продолжувањето на процесот заодредување на идниот статус на Косово треба да остане значаен приоритет наСоветот за безбедност и на меѓународната заедница“, заклучува Бан Ки Мун, десеттина дена пред наредната дебата на најмо ното тело на светскатаорганизација, посветена на косовската криза.
Генералниот секретар смета дека„несигурноста и недостигот на иницијативи“ во целиот процес би можеле дасоздадат предуслови за нова нестабилност, но не само за Косово туку и запоширокиот регион. Поради тоа, според Бан Ки Мун, од исклучително значење еСрбија и косовските Албанци да ги исполнат обврските за спречување нанасилството.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-10-06 АРМ се повлекува од Ирак ...повеќе
2008-10-06 Нова неуспешна лидерска средба ...повеќе
2008-10-06 Русија и Грција подготвуваат купопродажба на 420 тенка ...повеќе
2008-10-06 Најмалку 12 загинати во бомбашки напад во Пакистан ...повеќе
2008-10-06 Најмалку 30 загинати во земјотресот во Тибет ...повеќе
2008-10-06 Србија: Црногорското признавање на Косово би било „нож в грб“ ...повеќе
2008-10-06 Судир на патнички возови во Будимпешта ...повеќе
2008-10-06 Референдум во Данска за промена на законот за наследување на тронот ...повеќе
2008-10-06 Продолжи штрајкот со глад во затворот во Фуш Круја ...повеќе
2008-10-06 Започна фестивалот на албански театар Дебар 2008 ...повеќе
2008-10-06 Силен земјотрес го потресе Тибет ...повеќе
2008-10-06 Штрајк во Белгија го прекина сообраќајот на меѓународни возови ...повеќе
» Останати топ вести |
|