|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
Над илјада убиени во Јужна Осетија
Тбилиси - 2008-08-08
Над илјада жители на грузиската сепаратистичка област Јужна Осетија, Чинвали, се убиени во денешните судири, соопштипопладнево министерот за национални прашања на Јужна Осетија Тејмураз Касаев.
Пред тоа руското министерство за одбраната соопшти декаповеќе од десет руски војнициод силите за поддршка на мирот се убиени во грузискатаофанзива во главниот град на Јужна Осетија, Цхинвали.
Сили од 58-таруска армија се приближиле до Чинвали „за да им помогнат на руските војници за поддршка на мирот“, рече полковникИгор Коначенков.
Грузискиот министер завнатрешни работи Шота Утиашвили изјави дека престолнината на грузиската сепаратистичка област е „во целост под грузиска контрола“, но подоцна потврди дека Грузијците загубиле дел од градот.
Според последнитеинформации руски оклопнивозила навлегле во северниот дел на Чинвали.
Грузискиотпретседател Михаил Саакашвили ја обвини Русија дека извршилаинвазија на грузиска територија.
„150 руски тенкови,камиони со воена техника и други возиланавлегоа во Јужна Осетија“, изјавитој на пресконференција исоопшти дека се соборени два руски авиони.
Руските авиони,според Ројтерс ја бомбардиралегрузиската воздушна база „Вазиани". Во нападот немало жртви.
Командантот на рускитемировни сили во грузискатасепаратистичка област изјави дека главниот град на Јужна Осетија сериозно настрадал во грузиските напади.
„Градот практично е уништен“, изјави Марат Кулакметов.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-08-21 Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ...повеќе
2008-08-21 Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ...повеќе
2008-08-21 Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ...повеќе
2008-08-21 Голем интерес за концесии за патишта ...повеќе
2008-08-21 Декларација за заштита на Охридското Езеро ...повеќе
2008-08-21 САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ...повеќе
2008-08-21 Караџиќ доби една битка во Хашкиот суд ...повеќе
2008-08-21 Поставен камен-темелник за изградба на водовод во Центар Жупа ...повеќе
2008-08-21 Најмалку 20 загинати во експлозија во Исламабад ...повеќе
2008-08-21 Рајс во ненајавена посета на Ирак ...повеќе
2008-08-21 Во Јужна Осетија ќе има само руски миротворци, не и грузиски ...повеќе
2008-08-21 Приливот на капитал во Русија ќе расте за 10 млрд. долари годишно ...повеќе
» Останати топ вести |
|