|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Македонија не е запознаена со нов предлог на Нимиц
Охрид - 2008-08-08
Македонскиот државен врв нема информиции дека медијаторот во спорт за иметоМетју Нимиц има подготвено нов предлог за името, изјави денеска во Охридпремиерот Никола Груевски.
„Со внимание комуницираме со посредникот во спорот кому точно му е наведеново кој правец може да се размислува во врска со името и се надевам декагосподинот Нимиц ќе даде подобар предлог отколку претходниот“, рече Груевски.
Грчкиот печат вчера шпекулираше дека новиот предлог на посредникот Нимицнајверојатно ќе биде името Нова Демократска Република Македонија.
Запрашан зошто нема македонски државен претставник на отворањето на Олимпискитеигри во Пекинг, премиерот Груевски рече дека присуството на таков настан не еобврзувачко и оти тој редовно остварува средби со државници секаде низ светот.
Груевски истакна дека оценил оти во моментот е подобро да остане домапоради, како што рече, некои неодложни работи.
Премиерот Груевски денеска во Охрид присуствуваше на поставувањето каментемелник на првата од двете згради наменети за лица со помали приходи исоцијални случаи.
Груевски притоа истакна дека во наредните четири години, Владата ќе изгради2.500 станови за таа намена.
Премиерот денеска го посети и археолошкиот локалитет на Плаошник, каде штосо директорот на Управата за културно наследство Паско Кузман се запозна сотекот на работи за возобновување на Светиклиментовиот универзитет.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-08-21 Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ...повеќе
2008-08-21 Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ...повеќе
2008-08-21 Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ...повеќе
2008-08-21 Голем интерес за концесии за патишта ...повеќе
2008-08-21 Декларација за заштита на Охридското Езеро ...повеќе
2008-08-21 САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ...повеќе
2008-08-21 Караџиќ доби една битка во Хашкиот суд ...повеќе
2008-08-21 Поставен камен-темелник за изградба на водовод во Центар Жупа ...повеќе
2008-08-21 Најмалку 20 загинати во експлозија во Исламабад ...повеќе
2008-08-21 Рајс во ненајавена посета на Ирак ...повеќе
2008-08-21 Во Јужна Осетија ќе има само руски миротворци, не и грузиски ...повеќе
2008-08-21 Приливот на капитал во Русија ќе расте за 10 млрд. долари годишно ...повеќе
» Останати топ вести |
|