|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Одзивот до 10 часот над 11 отсто-регистрирани инциденти
Скопје - 2008-06-01
Одзивот на гласачите на предвремените парламентарниизбори кои денеска се одржуваат во Македонија до 10 часот е 11, 44 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Портпаролот на ДИК, Зоран Таневски информираше дека податоците се однесуваат на ниво на држава одобработени 73, 69 отсто од избирачките места.
Најголема излезност ерегистрирана во Сарај 20 отсто и во Боговиње 19 отсто, додека најмала излезносте регистрирана во општината Центар Жупа -три отсто.
ДИК информираше декагласањето е прекинато на неколку гласачки места.
„Во општина Желино водве гласачки места гласањето е прекинато, во село Малино не е почнато порадикражба на изборниот материјал, во општина Арачиново на сите осум местагласањето е прекинато од безбедносни причини, како и во општина Брвеница на едно гласачко место, а на две избирачкиместа во општина Врапчиште и на две воДебар гласањето е приканото заради полнење на кутии“, изјави Таневски.
Тој додаде деканепотврдени информации за инциденти има и за други места, но се чека наофицијални информации.
Таневски рече и декапостојат информации за пукање во општина Чаир и Сарај, но се очекува потврда.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-08-28 Во тек истрагата за авионската несреќа ...повеќе
2008-08-28 Активен пожарот на Кајмакчалан ...повеќе
2008-08-28 Успешно тестиран руски антиракетен „Топољ“ ...повеќе
2008-08-28 Нов предлог за името идната недела ...повеќе
2008-08-28 Четири загинати во авионска несреќа во охридско ...повеќе
2008-08-28 Косачов: Москва може да го признае и Косово ...повеќе
2008-08-28 Четири лица загинаа во авионска несреќа во охридско ...повеќе
2008-08-28 Мал авион се урна во охридско ...повеќе
2008-08-28 Албанија го осуди признавањето на Осетија и Абхазија ...повеќе
2008-08-28 Земјотрес во Албанија, нема информации за жртви ...повеќе
2008-08-28 Федерација на фармери - Притисоци врз кумановските сточари ...повеќе
2008-08-28 Обама номиниран за претседателски кандидат ...повеќе
» Останати топ вести |
|