|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Сајовиц – Неправилности во работењето на УО на МРТ
Скопје - 2008-05-15
Вработените воМРТ платите за март и април, како и заостанатите хранарини, треба да ги бараатод претседателот на Управниот одбор (УО) на Ку ата Леонид Наков.
Ова денеска го изјави извршниотдиректор на Македонската радиотелевизија (МРТ) Јанез Сајовиц, во реакцијата вокоја изнесува низа неправилности во работењето на дел од членовите на Управниотодбор и раководството на МРТ.
Сајовиц укажува дека со неговатасанациона програма на вработените во МРТ им биле исплатени 18 месечни примања, а дека тој не примил ниту една плата, ниту придонеси за социјално и здравственоосигурување.
Извршниот директор Сајовиц тврдидека исплатата на плати ја блокира Управниотодбор, предводен од Леонид Наков, при што и нему незаконски му е поништенменаџерскиот договор и суспендирани му се ингеренциите.
Во реакцијата, доставена денеска домедиумите, Јанез Сајовиц тврди дека Управниот одбор незаконски троши големиизноси средства наменети за отпремнини и плати за вработените и ја блокиранаплатата од фирми на радиодифузната такса.
Претседателот на Управниот одбор Леонид Накови вториот извршен директор Маја Мишковска, од сметката на МРТ за десетинаработни дена потрошиле околу девет милиони денари по разни основи, наведува извршниотдиректор на МРТ Јанез Сајовиц, додавај и дека тие пари се доволни за три хранаринина вработените.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-08-21 Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ...повеќе
2008-08-21 Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ...повеќе
2008-08-21 Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ...повеќе
2008-08-21 Голем интерес за концесии за патишта ...повеќе
2008-08-21 Декларација за заштита на Охридското Езеро ...повеќе
2008-08-21 САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ...повеќе
2008-08-21 Караџиќ доби една битка во Хашкиот суд ...повеќе
2008-08-21 Поставен камен-темелник за изградба на водовод во Центар Жупа ...повеќе
2008-08-21 Најмалку 20 загинати во експлозија во Исламабад ...повеќе
2008-08-21 Рајс во ненајавена посета на Ирак ...повеќе
2008-08-21 Во Јужна Осетија ќе има само руски миротворци, не и грузиски ...повеќе
2008-08-21 Приливот на капитал во Русија ќе расте за 10 млрд. долари годишно ...повеќе
» Останати топ вести |
|