|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
ГПЦ ги врати епископиите на Цариградската патријаршија
Истанбул - 2008-05-14
Грчката православна црква (ГПЦ) пове е нема да и го оспорува правото на Цариградската патријаршија на духовна јурисдикција врз епископиите во северна Грција и Западна Европа.
Оваго вети поглаварот на ГПЦ, архиепископот Јеронимос на средба со севселенскиот патријарх Вартоломеј, денеска во Истанбул, на која се договориле за историско помирување меѓу двете цркви, јави дописникот на Макфакс.
На средбата на поглаварите на двете цркви е договорено дека Атинската архиепископија е го почитува правото на Цариградската патријаршија да назначува епископи во спорните региони и дека сегашното претставништво на Патријаршијата во Атина е биде подигнато на ниво на егзархија.
Исто така, црковните власти од Атина се согласиле дека грчките православни цркви во Западна Европа треба да бидат во надлежност на Цариградската патријаршија, која со нив е управува од нејзиното претставништво во Брисел.
Спорот помеѓу Цариградската патријаршија и Атинската архиепископија настанал по Балканските војни, кога голем дел од Македонија, северно – егејскиот регион со островите и Тракија биле припоени кон Грција, а со нив и епископиите што дотогаш се наоѓале под јурисдикција на Цариградската патријаршија.
Во новосоздадените околности и од политички причини, Цариградската патријаршија тогаш и ги препуштила тие епископии “на чување” на Атинската архиепископија, но не се откажала од духовната надлежност, која се состоела во нејзиното право во нив самата да назначува епископи.
Иако за надминување на тоа прашање меѓу двете цркви во Истанбул, во 1928 година, бил потпишан и договор, Грчката православна црква и понатаму продолжила да и го оспорува правото на Цариградската патријаршија на духовна јурисдикција врз споменатите епископии.
Спороткулминираше во 2003 година, кога тогашниот поглавар на ГПЦ, атинскиот архиепископ Христодулос во четири северногрчки региони назначи свои епископи. Тоа предизвика остри реакции во Цариградската патријаршија, чиј синод одлучи да ги прекине односите со атинскиот архиепископ.
Затегнувањето на односите траеше се до неодамнешната смрт на Христодулос, кого на тронот на Грчката православна црква го наследи Јеронимос. Тој веднаш почна со активности за повторно доближување кон Цариградската патријаршија.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-08-08 Протести пред кинеската Амбасада во Анкара ...повеќе
2008-08-08 Закани до новинари на Алсат ...повеќе
2008-08-08 Над илјада убиени во Јужна Осетија ...повеќе
2008-08-08 Саакашвили: Русија е во војна со Грузија ...повеќе
2008-08-08 Македонија не е запознаена со нов предлог на Нимиц ...повеќе
2008-08-08 Турција и Шведска ги признаа косовските пасоши ...повеќе
2008-08-08 Спектакуларен почеток на 29. Летни Олимписки Игри ...повеќе
2008-08-08 ОБСЕ: Заштита на децата на Косово ...повеќе
2008-08-08 ЕУ ги одобри санкциите на ООН кон Иран ...повеќе
2008-08-08 ОБСЕ испраќа свој претставник во Јужна Осетија ...повеќе
2008-08-08 Црвениот крст бара хуманитарен коридор во Јужна Осетија ...повеќе
2008-08-08 Медведев - Смртта на руските граѓани нема да остане неказнета ...повеќе
» Останати топ вести |
|