Delcevo - Makedonija
ГЛАВНО МЕНИ
•  Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура
•  Историјат
•  Телефонски именик
•  Спорт
•  Галерија
 
•  FORUM
•  CHAT
 
•  Контакт
•  Impressum
•  Линкови
 
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
 
Makedonija: Vesnik.Com - Besplatni mali oglasi na internet!
 ВЕСТИ
Македонија
Утврден редоследот на изборните листи
Скопје - 2008-05-09
 
Државната изборна комисија (ДИК). денеска со жрепка го утврди редоследот на кандидатските листи за сите шестизборни единици за предвремените парламентарни избори.

Во Изборната единица 1, има најмногу, 16 кандидатски листи, а ги предводи Националната демократска унија. Коалицијата „Сонце” предводена од СДСМ е втора, ДПА е на 6-то место, ДУИ на 10-то, а Коалицијата „За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ на 11-то место.

Во Изборната единица 2, прва налистата е Националната демократска унија. Коалицијата „За подобра Македонија” е на шестото место, ДПА на 8, Коалицијата „Сонце”, на 11-то, а на 13-то ДУИ.
Движењето за национално единство на Турците е прво на листата во третата изборна единица на листата се 11 кандидати. ДУИ е на 4-то место, Коалицијата „Сонце” на 6-то, Коалицијата „За подобра Македонија” на 7-то, а ДПА на 10 место.

Во Изборната единица четири, Движењето за национално единство на Турците, е прво на листата. Коалицијата „Сонце” е на 6-то, а Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ на 9-то место.

Во петтата изборна единица прва на листата е Социјалдемократската партија на Македонија, ДУИ е на 2-то место, Коалицијата „Сонце” на 4-то, ДПА на 10-то, а Коалицијата „За подобра Македонија” на 12-то место.

Во Изборната единица шест, прва е Партијата на слободни демократи. ДПА е на 6-то место, Коалицијата „Сонце” на 10-то, Коалицијата „За подобра Македонија” на 11-то, а ДУИ на 12-то место.

Претходно, ДИКедногласно ја поништи веќе потврдената кандидатска листа на ВМРО – НП, бидејќи партијата не го испочитувала рокот за поднесување жиро-сметка за изборната кампања.Оваа партија поднесе кандидатска листа само за шестата изборна единица.

Вонреднитепарламентарни избори во Македонија ќе се одржат на 1 јуни, а изборната кампања почнува на 11 мај на полно.
 

 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
2008-05-14
МОК ќе достави милион долари помош за Кина ...повеќе

2008-05-14
Арапската лига заседава за кризата во Либан ...повеќе

2008-05-14
Радикалите чекаат став на Социјалистите за нова Влада ...повеќе

2008-05-14
Бугарија нуди поволности за враќање на работниците ...повеќе

2008-05-14
Временска прогноза за среда ...повеќе

2008-05-14
Црвенковски се среќава со лидерите на верските заедници ...повеќе

2008-05-14
Затворен патот Маврово-Дебар ...повеќе

2008-05-14
Mинистерски дијалог на ЕУ ...повеќе

2008-05-14
„Кејблтел“ ќе ги презентира резултатите ...повеќе

2008-05-14
Отворање на првиот Туш центар во Македонија ...повеќе

2008-05-13
Најмалку 60 загинати во бомбашки напади во Индија ...повеќе

2008-05-13
Солана и Рен со осуда на насилствата во изборната кампања ...повеќе


» Останати топ вести