|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Транспарентност нулта корупција за „Number Portability“
Скопје - 2008-05-09
Направенисе низа неправилности на тендерот за набавка на софтвер за преносливост наброеви („NumberPortability“), оцени денеска невладината „Транспарентност нултакорупција“. Во соопштението се наведува деканемало законски основи да се заклучи директна спогодба со ниту еден одучесниците на тендерот. Договор е склучен со фирмата Seavus, откако претходно три круга биленеуспешни. На тендерот учествувале шесткомпании. Покрај Seavus,учествувале и ITS Iskratel, ТИС КИС, Семос, Неоком и Пексим. Анализатана „Транспарентност нулта корупција“ е правена врз основа на претставка накомпанијата Семос, која во 2007 година беше избрана како најуспешен понудувач,а потоа тендерот беше поништен. По опсежната анализа на четиритефази на тендерот „Транспарентност нулта корупција“ најави дека целатадокументација за овој случај ќе му ја предаде на јавното обвинителство. Преземените дејствија укажуваат натоа оти „поголем број службени лица кои учествувале во постапката јаискористиле својата службена положба и овластување“ за да се прибави имотнакорист на штета на Буџетот на Македонија, се вели во соопштението. Во него се потсетува дека овојслучај побуди особен интерес и дека Европската комисија за електронскикомуникации јавно ја обвини Македонија за одолговлекување на проектот „NumberPortability“, кој требаше да почне дасе имплементира во септември лани.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-05-12 Коалицијата на Тадиќ прогласи победа ...повеќе
2008-05-11 Најмалку 20 загинати во торнадо во САД ...повеќе
2008-05-11 Потона брод со хуманитарна помош за Мјанмар ...повеќе
2008-05-11 Без нерегуларности на српските избори, голем одзив ...повеќе
2008-05-11 Вооружени напади врз седишта на ограноци на ДУИ ...повеќе
2008-05-11 Убиство и експлозија во Тетово ...повеќе
2008-05-11 Грчки „Космоте“ ќе се преименува во „Т-мобиле“ ...повеќе
2008-05-11 Нов напад врз македонски возач во Грција ...повеќе
2008-05-11 Нов протест во Грција на сезонските работници емигранти ...повеќе
2008-05-11 Хезболах се повлече, во Бејрут патролира војската ...повеќе
2008-05-11 Хунтата ја одобри хуманитарната помош ...повеќе
2008-05-11 Гласаат и косовски Срби, КФОР ги засили патролите ...повеќе
» Останати топ вести |
|