Delcevo - Makedonija
ГЛАВНО МЕНИ
•  Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура
•  Историјат
•  Телефонски именик
•  Спорт
•  Галерија
 
•  FORUM
•  CHAT
 
•  Контакт
•  Impressum
•  Линкови
 
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
 
Makedonija: Vesnik.Com - Besplatni mali oglasi na internet!
 ВЕСТИ
Свет
Либан на работ на нова граѓанска војна
Бејрут - 2008-05-09
 
Судирите меѓуантисириското мнозинство и опозицијата се разжестија денеска, трет ден по ред,и го доведоа Либан на работ од граѓанска војна, пренесуваат западните агенции.

Во главниот град Бејрут, шиитскатаопозиција почна со заземање реони што беа под контрола на војската насунитската владеачка коалиција, ракетирана е резиденција на водечкиот сунитскиполитичар, а населението ги напушта зоните на судири во страв од обновување награѓанската војна.

Според безбедносни и болничкиизвори, убиени се најмалку десет лица, а повеќе од 20 се ранети во престрелкитешто двете страни ги водат со автоматско оружје и ракети

На едната страна се шиитските борци,што ги предводи Хезболах, движење кое има поддршка од Иран и Сирија, а на другата.се приврзаниците на сунитската партијана чие чело е Саад Харири, син на поранешниот премиер Рафик Харири, убиен во2005 година.

Во бејрутското пристаниште денескаво прекин се сите активности поради судирите, а парализиран е и аеродромот.

Поради страв од обновување на граѓанскатавојна што траеше во Либан од 1975 до 1990 година, Саудиска Арабија, клучниотсојузник на либанската влада, побара итен состанок на Арапската лига.

Кризата во Либан што почна поубиството на Рафик Харири, се продлабочи на крајот од 2006, откако опозиционотомнозинство не успеа да договори поделба на власта.

Поради кризата, од ноември 2007парламентот не може да избере претседател на Републиката.

Сунитското мнозинство ги обвинува Иран и Сирија дека со своите потези го опструираатполитичкото решение. Опозицијата, пак, ја обвинува владеачката коалиција дека еманипулирана од марионети под контрола на американската Влада.
 

 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
2008-05-12
Коалицијата на Тадиќ прогласи победа ...повеќе

2008-05-11
Најмалку 20 загинати во торнадо во САД ...повеќе

2008-05-11
Потона брод со хуманитарна помош за Мјанмар ...повеќе

2008-05-11
Без нерегуларности на српските избори, голем одзив ...повеќе

2008-05-11
Вооружени напади врз седишта на ограноци на ДУИ ...повеќе

2008-05-11
Убиство и експлозија во Тетово ...повеќе

2008-05-11
Грчки „Космоте“ ќе се преименува во „Т-мобиле“ ...повеќе

2008-05-11
Нов напад врз македонски возач во Грција ...повеќе

2008-05-11
Нов протест во Грција на сезонските работници емигранти ...повеќе

2008-05-11
Хезболах се повлече, во Бејрут патролира војската ...повеќе

2008-05-11
Хунтата ја одобри хуманитарната помош ...повеќе

2008-05-11
Гласаат и косовски Срби, КФОР ги засили патролите ...повеќе


» Останати топ вести