|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Македонија се уште се надева на решение
Брдо - 2008-03-29
Македонија сеуште се надева на решение по прашањето за името со Грција пред Самитот на Алијансатанаредната недела каде очекува покана за прием во НАТО.
Ова денеска воБрдо кај Крањ, го изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, кој изрази вакви надежи, и покрај во последен момент откажаната средба соминистерката за надворешни работи на Грција Дора Бакојани.
Состанокоттребаше да се одржи на маргините на средбата на шефовите на дипломатии на ЕУ воСловенија, јави агенцијата Ројтерс.
“Времето е сепократко, но сметам дека можноста (за договор) се уште постои. Во која форма, е видиме“, изјави Милошоски пред новинарите.
Министерката Бакојани, пак, со далеку помал оптимистички тон им изјави на новинарите дека е убеденаоти е се постигне “евентуален“ договор со Скопје, но не и “принуден“ предсамитот наредната недела.
Таа посочи декадобила телефонски повик од американскиот државен секретар Кондолиза Рајс вопетокот вечерта, но сепак, шансите за брз договор се мали.
“Немаме многувреме, имаме уште два до три дена. Ќе биде многу тешко да се постигне решениепред Самитот“, рече Бакојани.
Таа додаде дека“не постојат временски рамки или рокови. Ова е прашање на регионална стабилности мора да продолжиме да преговараме. НАТО се уште е биде тука и утре изадутре“, додаде шефот на грчката дипломатија.
“Македонија еголема географска област од која 51 процент и припаѓа на Грција“, изјавилаБакојани на англиски јазик.
Шефот намакедонската дипломатија, пак, рекол дека “Македонија направила се што може“.
“Сега евистинската шанса за нашите грчки соседи и пријатели да докажат дали бараатоснова за компромис или претекст да блокираат“, рекол Милошоски.
Грција се заканидека е стави вето на приемот на Македонија во НАТО доколку Македонија не госмени името.
МакедонскиотПарламент, в понделник, треба да дебатира по последниот предлог на медијаторотво ООН Метју Нимиц “Република Македонија (Скопје)“. Ова е биде прв пат некаковпредлог за промена на името да се разгледува во Собрание.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-09-07 Почина познатиот хрватски пејач Дино Дворник ...повеќе
2008-09-07 Македонски пограничен полицаец фатен во Драч со 4,2 кг. хероин ...повеќе
2008-09-07 Полската опозиција бара референдум за антиракетниот штит ...повеќе
2008-09-07 Караманлис не е оптимист за грчко-македонскиот спор за името ...повеќе
2008-09-07 Расте бројот на загинатите во несреќата на словачкиот автобус во Хрватска ...повеќе
2008-09-07 Жител на Житоше блудничел врз девојка со пречки во развојот ...повеќе
2008-09-07 Полицијата откри оужје во зграда во Чаир ...повеќе
2008-09-07 Уапсени рекетари за изнуда на над 377 000 евра ...повеќе
2008-09-07 ЕУ ќе испрати 200 набљудувачи во Грузија ...повеќе
2008-09-07 Најмалку 10 загинати во сообраќајна несреќа на словачки автобус во Хрватска ...повеќе
2008-09-07 Хрватска го очекува најтоплиот септемвриски ден по 62 години ...повеќе
2008-09-07 Шпанија драстично ги намалува работните визи за странци ...повеќе
» Останати топ вести |
|