|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Отворен Европски информативен и иновативен центар
Скопје - 2008-03-28
Пристап до најновиинформации, регулативи и технологии од единствениот европски пазар од денеска еовозможен за сите институции и фирми во Македонија, како прва држава од западенБалкан.
За таа цел денеска вопросториите на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјесвечено започна со работа Европскиот информативен и иновативен центар воМакедонија (ЕИИЦМ), како дел од мрежата на Enterprise Europe Network.
Корисниците на оваа мрежасе мали и средни претпријатија, универзитети, научно-истражувачки организации идруги бизнис субјекти, на кои е им биде овозможено да стекнување на контакти, размена на иновативни технологии, договори за лиценци, заедничко учество вонаучно-истражувачки проекти и други облици на соработка.
Македонските компании иинституции преку ова мрежа е имаат пристап и до CIP програмата на Европската комисија за конкурентност и иновативност 2007-2013година, за која се наменети 2, 17 милијарди евра.
Малите и среднипретпријатија е можат да добиваат информации за регулативите, директивите, стандардите и другите услови за водење бизнис, како и информации за начинот нафинансирање на заеднички проекти во еврозоната.
Преку научноистражувачкатаи развојната дејност на овој центар се очекува да се воспостави синергијапомеѓу бизнис заедницата и академскиот научен потенцијал.
Македонија е прва земја одзападен Балкан што пристапи кон Enterprise Eurоpe Network, во која членуваат 600партнерски организации, од 40 земји, во кои се регистрирани 23 милиони мали исредни претпријатија.
Тежина на денешниот настансо поздравни говори му дадоа евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере ивицепремиерот Зоран Ставрески. /крај/ап/
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-08-28 Мал авион се урна во охридско ...повеќе
2008-08-28 Албанија го осуди признавањето на Осетија и Абхазија ...повеќе
2008-08-28 Земјотрес во Албанија, нема информации за жртви ...повеќе
2008-08-28 Федерација на фармери - Притисоци врз кумановските сточари ...повеќе
2008-08-28 Обама номиниран за претседателски кандидат ...повеќе
2008-08-28 ЕУ разгледува санкции за Русија ...повеќе
2008-08-28 ДУИ задоволна од соработката со ВМРО – ДПМНЕ ...повеќе
2008-08-28 Српски хакери блокираа сајтови на албански институции ...повеќе
2008-08-28 Голем број заразени од салмонела во Европа ...повеќе
2008-08-28 Петнаесет илјади наркомани во Хрватска ...повеќе
2008-08-28 Началникот на АРМ во посета на Србија ...повеќе
2008-08-28 Фармерите на протести ...повеќе
» Останати топ вести |
|