|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
Енцелад има основни услови за живот
Вашингтон - 2008-03-27
Основните елементи потребни за живот – вода, топлина и органски материи, се наоѓаат на малата месечина на Сатурн – Енцелад.
Ова го соопштија научниците по анализата на содржината, што ја исфрлуваатголеми гејзири на неговата површина.
Научниците ги опишаа посматрањата на вселенското летало Касини за време нанеговиот прелет над Енцелад на 12 март во рамките на истражувањата на Сатурн инеговите сателити.
Американско-европската мисија научници соопшти дека не е откриен било каковвистински доказ за живот на таа месечина, но нејзините гејзири постојано исфрлуваатгасови и пареа во Вселената.
Главна состојка што излегува од гејзирите е водената пареа, но има и метан, јаглерод диоксид и јаглерод моноксид.
Енцелад има дијаметар од помалку од 500 километри и за него се веруваше дека естуден и неактивен, бидеј и до него допира многу малку сончева светлина.
Научниците сега утврдија дека тоа е геолошки активна месечина, која иманевообичаено топол јужен дел (кој сепак според нашите стандарди е леден) изначајна атмосфера. /крај/мп
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-08-08 Протести пред кинеската Амбасада во Анкара ...повеќе
2008-08-08 Закани до новинари на Алсат ...повеќе
2008-08-08 Над илјада убиени во Јужна Осетија ...повеќе
2008-08-08 Саакашвили: Русија е во војна со Грузија ...повеќе
2008-08-08 Македонија не е запознаена со нов предлог на Нимиц ...повеќе
2008-08-08 Турција и Шведска ги признаа косовските пасоши ...повеќе
2008-08-08 Спектакуларен почеток на 29. Летни Олимписки Игри ...повеќе
2008-08-08 ОБСЕ: Заштита на децата на Косово ...повеќе
2008-08-08 ЕУ ги одобри санкциите на ООН кон Иран ...повеќе
2008-08-08 ОБСЕ испраќа свој претставник во Јужна Осетија ...повеќе
2008-08-08 Црвениот крст бара хуманитарен коридор во Јужна Осетија ...повеќе
2008-08-08 Медведев - Смртта на руските граѓани нема да остане неказнета ...повеќе
» Останати топ вести |
|