|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Турција ќе го поддржи зачленувањето на Јадранската група во НАТО
Тирана - 2008-03-26
Турција на претстојниот самит на НАТО во Букурешт е го поддржизачленувањето на Албанија, Македонија и Хрватска во Алијансата.
Ова денеска го истакна турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој се наоѓа вопосета на Албанија.
„Истовремено сакам повторно да ја истакнам одлучноста на Турција зазачленувањето на Албанија во НАТО. Ние на самитот во Букурешт, во април 2008, е го поддржиме зачленувањето на Албанија во НАТО, покрај зачленувањето наХрватска и Македонија“, изјави Ердоган, по средбата со албанскиот колега СалиБериша.
Премиерот Сали Бериша ја истакна помошта и улогата на Турција во поддршкана Албанија и Албанците, за зачленувањето во НАТО и за Косово.
„Турција е пријателска земја со многу вреден придонес во сите обиди наАлбанија за зачленување во НАТО. Не само во смисол на политичка поддршка. Вооружените сили на Турција и дадоа сестрана и вредна поддршка на вооруженитесили на Албанија, а турската влада и премиерот Ердоган беа меѓу првите кои јапризнаа независноста на Косово“ изјави Бериша.
Турскиот премиер Таип Ердоган признавањето на независноста на Косово гоистакна како историска потреба.
Ердоган ја поздрави поддршката на Тирана кон Турција за да стане привременачленка на Советот за безбедност на ОН.
Премиерите на Албанија и Турција го истакнаа многукратното зголемување настопанските односи и турските инвестиции во Албанија.
Ердоган изјави дека е го одржи ветувањето еден крак од гасоводот одКаспиското море до Италија да минува низ Албанија.
За време на средбата беше потпишан договор за соработка во образованието, науката и културата.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-10-06 Венецуела ќе создаде алтернативен финансиски систем ...повеќе
2008-10-06 Лидерската средба во проширен состав ...повеќе
2008-10-06 Пукотници во центарот на Тетово ...повеќе
2008-10-06 Убиена ќерката на адвокатот на Загорец ...повеќе
2008-10-06 Нобелова награда за научниците кои ги откриле вирусите ХПВ и Хив ...повеќе
2008-10-06 Атина се подготвува за второ вето за Македонија ...повеќе
2008-10-06 Почнува вакцинацијата против ХПВ ...повеќе
2008-10-06 Нафтата падна под 90 долари за барел ...повеќе
2008-10-06 Националните партии со најмногу гласови ...повеќе
2008-10-06 Солзи и насмевки на хуманитарниот концерт во чест на Тоше ...повеќе
2008-10-06 Законот за прислушување најматно во септември ...повеќе
2008-10-06 Путин во Белорусија ...повеќе
» Останати топ вести |
|