|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Доделени наградите за најдобра истражувачка сторија
Скопје - 2008-03-25
Новинарот Борис Георгиевски од дневниот весник„Утрински весник“ ја доби наградата за Најдобра истражувачкасторија за 2007 година, која што ја доделува Македонскиот институт за медиуми(МИМ).
Георгиевские награден за темата „Случајот Ибраим Сулејмани“. Сторијата открива едно судење кое се одвивало во тајност, судење во кое пресудата е донесена врз сомнително толкување на законите. Сулејмани е првиот осуден за воени злосторства во Македонија, кој ве е пет години е во затвор, иако за експертите и од највисоките судски органи е се уште мистерија како е тоа можно, имај и го предвид законот за амнестија од 2002 година.
Вторатанаграда отиде во рацете на новинарката Маја Блажевска од телевизијата „А1“, засторијата „Бездомник наместо милионер – приказна за Идриз Идризи од малаРечица“.
Третатанаграда за Најдобра истражувачка сторија ја добија новинарите Џелал Незири иМарјан Николовски за сторијата објавена во дневните весници „Факти“ и „Вечер“ „Потрагите на корупцијата во верските институции во Македонија”.
Комисијатагодинава одлучи да додели и Плакета за исклучителен придонес во развојот наистражувачкото новинарство во Македонија на информативната емисија „КОД“ на телевизијаА1. Оваа емисија годинава остави посебен печат и отвори нова страница замакедонското истражувачко новинарство.
Оваа година, седма по ред, на конкурсот кој што беше отворен од 15. јануари до 15. февруари 2008 година, се пријавија вкупно 38новинари и редакции со вкупно 64 стории објавени во медиумите во Македонија вотекот на минатата година.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-10-13 Немири на протестот во Подгорица ...повеќе
2008-10-13 Инциденти во леринско – приведени Македонци ...повеќе
2008-10-13 Ставрески – Македонија има потреба од странски инвестиции ...повеќе
2008-10-13 ЕУ презема мерки за ублажување на финансиската криза ...повеќе
2008-10-13 Поскапа струја побара и ЕВН ...повеќе
2008-10-13 Власи – И Тито би го признал Косово ...повеќе
2008-10-13 Црвенковски предложи консултации за името в четврток ...повеќе
2008-10-13 Отворен информатички центар при Штуловиот универзитет ...повеќе
2008-10-13 Бизнис зделка оспорена поради антимакедонска кампања ...повеќе
2008-10-13 Интерпол и ОН отвораат Академија за борба со корупцијата ...повеќе
2008-10-13 Хрватска „молчи“ за “Раштански лозја“ ...повеќе
2008-10-13 Германија со 480 млрд евра ќе ги спасува банките ...повеќе
» Останати топ вести |
|