|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Милошоски: Мала надеж да се постигне договор
Скопје - 2008-03-25
Македонија сметадека се уште има мала надеж да се постигне договор за името пред Самитот наНАТО, изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.
“Се уште има маланадеж да се постигне договор пред Самитот“, рекол Милошоски сино а заагенцијата Асошиејтед прес во телефонска изјава од Скопје.
Според него, доколку Грција стави вето на приемот на Македонија во Алијансата, тогаш Скопје е ги прекине преговорите.
“Тие(преговорите) би биле бесмислени“, додал Милошоски.
Тој изразува подготвеност на Македонија на компромиспреку решение кое би било “разумно“ и не го поткопува македонскиот идентитет.
“Подготвени сме да разгледаме нешто што го сметамеза достоинствено, разумно и не ги поткопува нашите основни права и идентитет“, вели Милошоски.
Според него, Македонија нема да прифати промена што е навлезе во македонскиот национален и лингвистички идентитет, наведувај идека “името на Македонија не е само име, туку камен темелник на нашиотнационален идентитет“.
Нова рунда разговори за разликите околу името меѓуМакедонија и Грција под покровителство на ООН започнува попладнево во Њујорк, ане е исклучена можноста тие да продолжат и в среда.
По преговорите во Њујорк е најавена средба нашефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција Антонио Милошоски и ДораБакојани, во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, што треба да се одржи во петок и во сабота во Словенија. ис
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-09-07 Почина познатиот хрватски пејач Дино Дворник ...повеќе
2008-09-07 Македонски пограничен полицаец фатен во Драч со 4,2 кг. хероин ...повеќе
2008-09-07 Полската опозиција бара референдум за антиракетниот штит ...повеќе
2008-09-07 Караманлис не е оптимист за грчко-македонскиот спор за името ...повеќе
2008-09-07 Расте бројот на загинатите во несреќата на словачкиот автобус во Хрватска ...повеќе
2008-09-07 Жител на Житоше блудничел врз девојка со пречки во развојот ...повеќе
2008-09-07 Полицијата откри оужје во зграда во Чаир ...повеќе
2008-09-07 Уапсени рекетари за изнуда на над 377 000 евра ...повеќе
2008-09-07 ЕУ ќе испрати 200 набљудувачи во Грузија ...повеќе
2008-09-07 Најмалку 10 загинати во сообраќајна несреќа на словачки автобус во Хрватска ...повеќе
2008-09-07 Хрватска го очекува најтоплиот септемвриски ден по 62 години ...повеќе
2008-09-07 Шпанија драстично ги намалува работните визи за странци ...повеќе
» Останати топ вести |
|