Delcevo - Makedonija
ГЛАВНО МЕНИ
•  Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура
•  Историјат
•  Телефонски именик
•  Спорт
•  Галерија
 
•  FORUM
•  CHAT
 
•  Контакт
•  Impressum
•  Линкови
•  Kreuzfarten
 
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
 
Makedonija: Vesnik.Com - Besplatni mali oglasi na internet!
 ВЕСТИ
Македонија
Димитров со јасни инструкции за следната рунда преговори
Скопје - 2008-03-23
 
Преговарачот воспорот со името Никола Димитров добил прецизни инструкции за преговорите што вовторник треба да се одржат во Њујорк.

На средбата на државниот врв, штосино а се одржа во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, на Димитровму биле дадени јасниинструкции како е настапи на њујоршката рунда македонско-грчки разговори воспорот за името.

Вчерашната средба во кабинетот на Претседателот доаѓа по петочнатабриселска средба на шефовите на дипломатиите Милошоски и Бакојани, на којаштоприсуствуваа амбасадорката на САД во НАТО Нуланд и помошникот државен секретарДаниел Фрид и на која беа понудени идеи и размислувања како да се надминепроблемот за разликите околу името.
Преговарачот Никола Димитров за телевизијатаА1 изјави дека македонските позиции се јасни, со силни и издржани аргументи, адека тој на средбата во Њујорк оди со прецизни инструкции.

Вчера претседателот Црвенковски воОхрид изјави дека тој е за формулација со разумен компромис.

„Ако се најде формулација која ебиде користена за меѓународна употреба, а различна од уставното име, но воистовреме не го загрозува националниот идентитет, тогаш за тоа вреди да серазмисли“, рече вчера Црвенковски.

Лидерот на Нова социјалдемократскапартија(НСДП) Тито Петковски, од говорницата на вчерашниот прв партискиконгрес, порача дека можен е компромис со додавка на името за меѓународнаупотреба.

„Ние по ова прашање имаме достаразлични ставови со господинот Петковски, меѓутоа остануваат денови во коишто е се обидеме да ги надминеме тие разлики и сепак да дојдеме до решение што ебиде добро за Република Македонија“, рече Никола Груевски, кој присуствувашекако гостин на конгресот на коалициониот партнер во Владата НСДП.

Дел од грчките медиуми, по средбатаво петокот меѓу министрите за надворешни работи на Грција и Македонија Бакојании Милошоски, излегоа со некакви предлози - „Република Нова Македонија“ или„Нова Република Македонија“. /крај/а1/ст


 

 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
2008-08-21
Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ...повеќе

2008-08-21
Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ...повеќе

2008-08-21
Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ...повеќе

2008-08-21
Голем интерес за концесии за патишта ...повеќе

2008-08-21
Декларација за заштита на Охридското Езеро ...повеќе

2008-08-21
САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ...повеќе

2008-08-21
Караџиќ доби една битка во Хашкиот суд ...повеќе

2008-08-21
Поставен камен-темелник за изградба на водовод во Центар Жупа ...повеќе

2008-08-21
Најмалку 20 загинати во експлозија во Исламабад ...повеќе

2008-08-21
Рајс во ненајавена посета на Ирак ...повеќе

2008-08-21
Во Јужна Осетија ќе има само руски миротворци, не и грузиски ...повеќе

2008-08-21
Приливот на капитал во Русија ќе расте за 10 млрд. долари годишно ...повеќе


» Останати топ вести