|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
EВН ја исклучи струјата на „Проаква“ од Охрид
Охрид - 2008-03-21
EВНја исклучи струјата на МЈП „Проаква“ одОхрид, во знак на предупредување за неплатениот долг од 1 милион евра, јавидописникот на Макфакс.
Околу 12:30 часот без електрична енергија останаауправната зграда и бунарите над Билјанини извори.
„ЕВН не ги прифати понудите на градоначалниците на Охриди Струга за подмирување на долгот и ја исклучи струјата во управната зграда ибунарите над Билјанини извори“, изјави првиот човек на „Проаква“, БранкоТрпчески.
На средбата со претставниците на ЕВН, што вчера се одржа во Скопје, било понудено„Проаква“ да плати 300. 000 евра од долгот, а остатокот од 700. 000 евра да секомпензира со отстапување на 15 општински трафостаници на ЕВН.
„Сеуште немаме повратен одговор на ваквиот предлог“, речеТрпчески.
Како одговор на исклучувањето од електро-системот тојнајави дека „Проаква“ заедно со општините Охрид и Струга е преземе мерки зазаштита на трафостаниците за кои локалната самоуправа тврди дека се нејзинасопственост.
Директорот на јавното претпријатие информираше дека 90% од долгот кон ЕВН се однесува на потрошенаелектрична енергија за колекторот за заштита на Охридското Езеро кој е државенинтерес, и дека во моментов „Проаква“има ненаплатен долг за потрошена вода од четири милиони денари, а половинатаотпаѓа на граѓаните.
Во обид да ги наплати побарувањата „Проаква“ денеска продолжи со исклучување на должниците. ПоСтудентскиот дом, Центарот за култура и Македонија пат, без вода остана иопштата болница.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-09-08 Ограбена златара во Чаршија, ограбувачите го вратиле златото ...повеќе
2008-09-08 Унгарецот Персели победник на атлетскиот маратон ...повеќе
2008-09-08 Русија е против мисија на ЕУ во Грузија ...повеќе
2008-09-08 Приходите од нафта во Иран надминаа 80 млд.долари ...повеќе
2008-09-08 Албанија ги повлекува банкнотите од 100 и 200 леки ...повеќе
2008-09-08 Италија ќе врати затвореници во Албанија ...повеќе
2008-09-08 Ричард Холбрук на Косово ...повеќе
2008-09-08 Грузија против Русија пред Меѓународниот суд на правдата ...повеќе
2008-09-08 Свечено затворање на првиот историски фестивал Средновековен Охрид ...повеќе
2008-09-08 Средба Саркози – Медведев ...повеќе
2008-09-08 Прв воен атлетски маратон во Охрид ...повеќе
2008-09-08 Во Србија има околу 10 000 проститутки ...повеќе
» Останати топ вести |
|