|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
Тибет – стратешко подрачје за контрола на водите
Пекинг - 2008-03-21
Големите залихина вода на Тибет се една од главните интереси на кинеските власти за таависорамнина, на која што се наоѓаат изворите на најголемите азиски реки, оценуваат експертите.
„Тибет е стратешко подрачје. Контролата над Тибет и овозможува на Кина пристап до големите резерви наминерали и води“, објаснува Брахма Чаланеј од Центарот за политички истражувањаво Њу Делхи, Индија.
„Поради климатското загревање, коешто ги зголемува проблемите со водата во Азија, контролата над Тибет и овозможувана Кина, од прашањето на водата да направи мо но политичко оружје“, посочуваекспертот.
Од тибетското плато извираат рекитеИнд, Меконг, Јангце, Брахмапутра, Сутлеј и многу други, а од поголемитерегионални реки, единствено Ганг извира од индиската страна на Хималаите.
Кина со Тибет, според Чаланеј, можеда се впушти во изградба на големи хидро проекти, неопходни за стопанскиотразвој на државата.
Оптоварена со проблемот назагадување поради двете децении ултра брз економски раст, Кина си има поставеноза цел, до 2020 година, 15 отсто од потрошувачката на енергијата во државата дадоаѓа од изворите на Тибет.
Според експертот, Кина планира ипренасочување на течението на реките поради наводнување, што предизвикуваголема загриженост кај Тибетанците и Индијците.
Чаланејпотсетува дека Кина, во март 2007 година најави програма за Тибет вредна 10милијарди евра. Според експертот, можно е тие пари да бидат искористени заводите кои што доаѓаат од тој дел на државата.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-10-13 ММФ го поддржа планот на ЕУ за спас од кризата ...повеќе
2008-10-13 Театарот од Ѓаковица победник на фестивалот на албански театри во Дебар ...повеќе
2008-10-13 Македонија и Косово неделава со дипломатски односи ...повеќе
2008-10-13 Финансиска спогодба меѓу Македонија и Бугарија ...повеќе
2008-10-13 Средба на Јанкуловска со колегата од Бранденбург ...повеќе
2008-10-13 Протестен собир Подгорица против признавањето на Косово ...повеќе
2008-10-13 Тирана призна дека има насилство во затворите ...повеќе
2008-10-13 Британската влада ги спасува најголемите банки ...повеќе
2008-10-12 Во Албанија откриени 115 килограми марихуана ...повеќе
2008-10-12 Лајчак: Неморални идеи за Република Српска ...повеќе
2008-10-12 Шутановац: Големи политички последици од признавањата ...повеќе
2008-10-12 Девет загинати во напад со автомобил бомба во Багдад ...повеќе
» Останати топ вести |
|