Delcevo - Makedonija
ГЛАВНО МЕНИ
•  Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура
•  Историјат
•  Телефонски именик
•  Спорт
•  Галерија
 
•  FORUM
•  CHAT
 
•  Контакт
•  Impressum
•  Линкови
•  Kreuzfarten
 
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
 
Makedonija: Vesnik.Com - Besplatni mali oglasi na internet!
 ВЕСТИ
Македонија
Цар Самоил починал тешко ранет на 70 години
Софија - 2008-03-20
 
Цар Самоилпочинал на 70 години од тешка рана во пределот на левата слепочница, соопштијаденеска бугарските научници по реконструкција на черепот на македонскиотвладетел од 11 век.

„Најверојатно, цар Самоил сакал дасе заштити во битка и ги подигнал двете раце нагоре, при што горните екстремитетиму биле искршени“, изјави денеска директорот на Институтот за антропологија прибугарската Академија на науките, професор Јордан Јорданов, при претставувањетона реконструираниот череп на македонскиот цар.

Според бугарските научници, Самоил не биллекуван од тешките повреди, на што укажува дека искршените коски почнале дазаздравуваат многу накриво.

Покрај ова, Самоил со сигурност неможел да се храни, бидеј и му била повреден и долниот дел од вилицата, соопштиЈорданов.

Реконструкцијата на черепот на царСамоил траела околу пет месеци.

Скелетот на македонскиот цар еоткриен во саркофаг на јужниот брег на Преспанското езеро во 1969 година, нагрчка територија.

Археологот Николаос Муцопулос открилчетири саркофага и само едниот од нив не бил ограбен. Черепот и три коски одпосмртните останки на цар Самоил грчките археолози им ги предадоа на бугарскитенаучници.

Цар Самоил владеел со големотоСамоилово царство кое се протегало на територијата на денешните РепубликаМакедонија, Албанија, Србија, Црна Гора, северозападна Грција и северна изападна Бугарија, на преминот од 10 кон 11 век.

Неговите престолнини биле во Охрид иПреспа.

Според досегашните историските сознанија, Самоил (956 г) починал неколку месеци по битката наБеласица, на 26 јули 1014 година, во која неговата војска била поразена од византискиотцар Василиј II.

Во битката биле ослепени 14, 000војници на Самоил, од кои секој стоти бил оставен со едно здраво око за да можеда ги води останатите.
 

 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
2008-10-07
Грција со најмногу сиромашни работници во ЕУ ...повеќе

2008-10-07
Американскиот секретар за одбрана пристигна во Охрид ...повеќе

2008-10-07
Експерти на НАТО ќе го обновуваат воениот потенцијал на Грузија ...повеќе

2008-10-07
Ватикан стана 187. член на Интерпол ...повеќе

2008-10-07
Околу 60 илјади авганистански бегалци протерани од Пакистан ...повеќе

2008-10-07
Корејска компанија ќе гради фабрика за LCD монитори ...повеќе

2008-10-07
ДПА загрижена од воздржаноста на Владата за иницијативата на Србија во ОН ...повеќе

2008-10-07
Нобелова награда за научници од областа на субатомската физика ...повеќе

2008-10-07
Хамас го обвини еврејското лоби во САД за финансиската криза ...повеќе

2008-10-07
Британската влада разгледува проект за прислушкување ...повеќе

2008-10-07
Околу 60 бунтовници убиени во Авганистан ...повеќе

2008-10-07
Преговорите за обединување на Кипар запнаа околу автономијата ...повеќе


» Останати топ вести