|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Предлозите на Нимиц разгледани од Црвенковски и Груевски
Скопје - 2008-03-19
Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот НиколаГруевски разговараа вечерва за трите предлози што медијаторот Метју Нимиц ги достави на последната рунда разговори воВиена.
Немашe изјави за новинарите по средбата која траеше околу два часа, во присуствои на шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и преговарачот Никола Димитров. Тој во телефонска изјава за телевизијата А1 изјави по средбата декаМакедонија ги продолжува разговорите со Грција со медијаторство на Нимиц.
„Влогот е стравично голем. Процесотпродолжува“, изјави кусо преговарачот Димитров. Тој додаде дека е исклучителноважно во рамките на разумот и националните интереси да се направи се што еможно за да успеат преговорите.
Последните предлози на Нимиц - Горна, Нoва и Република Македонија (Скопје) за премиеротГруевски се неприфатливи, не содржат ништо ново и порано ве е биле отфрлани.
Претседателот Црвенковски вовторникот не ги коментираше предлозите на Нимиц со образложение дека сака од преговарачотДимитров да ги слушне сите детали на предлозите.
Пред средбата со Црвенковски, Груевски попладнето одржа одвоени средби со лидерите на ДПА, ДУИ и СДСМ, МендухТачи, Али Ахмети и Радмила Ше еринска.
Тачи целосно ја поддржа владата во стрaтегијата за името, а Ахмети и Ше еринскаизјавија дека само информирани и оти премиерот не барал поддршка или сугестии.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-09-08 Ограбена златара во Чаршија, ограбувачите го вратиле златото ...повеќе
2008-09-08 Унгарецот Персели победник на атлетскиот маратон ...повеќе
2008-09-08 Русија е против мисија на ЕУ во Грузија ...повеќе
2008-09-08 Приходите од нафта во Иран надминаа 80 млд.долари ...повеќе
2008-09-08 Албанија ги повлекува банкнотите од 100 и 200 леки ...повеќе
2008-09-08 Италија ќе врати затвореници во Албанија ...повеќе
2008-09-08 Ричард Холбрук на Косово ...повеќе
2008-09-08 Грузија против Русија пред Меѓународниот суд на правдата ...повеќе
2008-09-08 Свечено затворање на првиот историски фестивал Средновековен Охрид ...повеќе
2008-09-08 Средба Саркози – Медведев ...повеќе
2008-09-08 Прв воен атлетски маратон во Охрид ...повеќе
2008-09-08 Во Србија има околу 10 000 проститутки ...повеќе
» Останати топ вести |
|