|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Русија и нуди алтернатива на Србија за ЕУ
Москва - 2008-03-19
Руски пратениција активираа старата идеја за прием на Србија во Заедницата на независни држави(ЗНД) и договорот за колективна безбедност на поранешните советски републики.
Со тоа, Москва му предлага наБелград алтернатива за влезот во Европската унија (ЕУ) за што се залагапрозападниот претседател Борис Тади.
Оваа иницијатива е биде разгледанаако Србија се пове е биде изолирана од европските држави и меѓународнатазаедница во врска со признавањето на Косово, го цитира весникот „Известија“претседателот на рускиот Совет за одбрана и безбедност Виктор Озеров.
Рускиот печат наведува дека станувазбор за активирање на идејата од пред неколку години, како и дека обидот заприем на Србија во ЗНД веројатно е биде блокиран од некои поранешни советски републики.
Идејата за сојуз на Србија во рамките на еднаод меѓународните организации што настанаа по распадот на Советскиот сојуз не енова, наведува московскиот весник „Взглед”.
Уште во 1999 година Собранието напоранешна СР Југославија изгласа резолуција за присоединување кон сојузот на Русијаи Белорусија. Рускиот парламент го поддржа предлогот и му препорача на тогашниотпретседател Борис Елцин и Владата итно да започне подготовка за тој процес. Нештатасе ограничија само на декларациите.
„Не знам како може да биде решено прашањетоза присоединување на Србија кон ЗНД, бидеј и таму членуваат Грузија и Украина, но во Организацијата на договорот за колективна безбедност перспективите седобри”, изјава Озеров. Членки на договорот за колективна сигурност се Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија, Таџикистан и Узбекистан.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-10-13 Инциденти во леринско – приведени Македонци ...повеќе
2008-10-13 Ставрески – Македонија има потреба од странски инвестиции ...повеќе
2008-10-13 ЕУ презема мерки за ублажување на финансиската криза ...повеќе
2008-10-13 Поскапа струја побара и ЕВН ...повеќе
2008-10-13 Власи – И Тито би го признал Косово ...повеќе
2008-10-13 Црвенковски предложи консултации за името в четврток ...повеќе
2008-10-13 Отворен информатички центар при Штуловиот универзитет ...повеќе
2008-10-13 Бизнис зделка оспорена поради антимакедонска кампања ...повеќе
2008-10-13 Интерпол и ОН отвораат Академија за борба со корупцијата ...повеќе
2008-10-13 Хрватска „молчи“ за “Раштански лозја“ ...повеќе
2008-10-13 Германија со 480 млрд евра ќе ги спасува банките ...повеќе
2008-10-13 ИФИМЕС – Македонија ја очекува тежок период ...повеќе
» Останати топ вести |
|