|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
Прв комерцијален лет на А380 од Југоисточна Азија кон Европа
Сингапур - 2008-03-18
Најголемиотпатнички авион на светот А380 на сингапурската компанија СИА полета денеска напрвиот лет од Сингапур кон Лондон, јавуваат медиумите.
Ова е првкомерцијален лет од Југоисточна Азија кон Европа на супермодерниот двокатенавион на корпорацијата „Ербас“.
И покрај тоа што авионотможе да превезува 853 патници, сепак сингапурската компанија се реши на помалброј патници, околу 471, со цел тие да имаат поголем комодитет.
Покрај прватакласа, економската и бизнис класата, СИА нуди и лукс класа со спални соби, чиистандарди според конфортот ги натфрлуваат и оние од првата класа.
А380 е висок 24метри, должината му е 73 метри, а распонот на крилата 79, 4 метри. Има четиримотори и може да лета на растојание од 15200 километри. При тоа, леталото енајекономично меѓу големите авиони, троши 3 литри гориво по патник нарастојание од 100 километри.
Сингапурскитеавиокомпании досега купиле 25 А380, а доставени им се три авиони. КомпанијатаСИА прва го пушти во комерцијална употреба овој авион. /крај/бг/ст
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-08-21 Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ...повеќе
2008-08-21 Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ...повеќе
2008-08-21 Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ...повеќе
2008-08-21 Голем интерес за концесии за патишта ...повеќе
2008-08-21 Декларација за заштита на Охридското Езеро ...повеќе
2008-08-21 САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ...повеќе
2008-08-21 Караџиќ доби една битка во Хашкиот суд ...повеќе
2008-08-21 Поставен камен-темелник за изградба на водовод во Центар Жупа ...повеќе
2008-08-21 Најмалку 20 загинати во експлозија во Исламабад ...повеќе
2008-08-21 Рајс во ненајавена посета на Ирак ...повеќе
2008-08-21 Во Јужна Осетија ќе има само руски миротворци, не и грузиски ...повеќе
2008-08-21 Приливот на капитал во Русија ќе расте за 10 млрд. долари годишно ...повеќе
» Останати топ вести |
|