|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Регион
Прекинаа немирите во Митровица
Митровица - 2008-03-17
Насилните протестиво Косовска Митровица во кои се ранетинеколку десетици лица, прекинаа околу пладне, јавија српските медиуми.
Немирите прекинаа откакоприпадниците на КФОР и на УНМИК се повлекоа од пред судот во Митровица кадеизутрината започнаа судирите.
На улиците остана извесен број насрпски демонстранти, но, судири, засега, нема.
Бројките заранети во судирите меѓу Србите и припадниците на меѓународните безбедносни силиво северниот дел на Косовска Митровица се различни.
Според белградските гласила, ранетии повредени се најмалку 70 косовски Срби, од кои 15 потешко.
Западните агенции пренесуваат декаима најмалку 30 ранети припадници на УНМИК и на КФОР.
Портпаролот на УНМИК АлександарИванко соопшти дека полицијата на ОН се повлекува од северниот дел наМитровица, а надлежен останува КФОР.
Истиот извор ја оцени состојбата восеверниот дел на етнички поделената Митровица како „многу сериозна“.
„Се надеваме дека ситуацијата ебиде разрешена за неколку часови. . Бараме да преовлада мирот“, изјави Иванко.
Насилните протести почнаа откакополицијата на УНМИК уапси група судски работници од српска националност, кои вопетокот упаднаа во судот во Митровица и побараа да бидат вратени на работа.
Локалните Срби се судрија со УНМИКво обид да спречат уапсените да бидат изнесени од северниот дел на градот.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-10-06 Венецуела ќе создаде алтернативен финансиски систем ...повеќе
2008-10-06 Лидерската средба во проширен состав ...повеќе
2008-10-06 Пукотници во центарот на Тетово ...повеќе
2008-10-06 Убиена ќерката на адвокатот на Загорец ...повеќе
2008-10-06 Нобелова награда за научниците кои ги откриле вирусите ХПВ и Хив ...повеќе
2008-10-06 Атина се подготвува за второ вето за Македонија ...повеќе
2008-10-06 Почнува вакцинацијата против ХПВ ...повеќе
2008-10-06 Нафтата падна под 90 долари за барел ...повеќе
2008-10-06 Националните партии со најмногу гласови ...повеќе
2008-10-06 Солзи и насмевки на хуманитарниот концерт во чест на Тоше ...повеќе
2008-10-06 Законот за прислушување најматно во септември ...повеќе
2008-10-06 Путин во Белорусија ...повеќе
» Останати топ вести |
|