|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Поддршка на приемот на Македонија во НАТО
Скопје - 2008-03-14
Поддршка на приемот наМакедонија во евроатланските интеграции дадоа неколку шефови и министри надржави-членки на НАТО, соопштено е во Скопје.
Поканата за македонско членствово Алијансата ја поддржаа, меѓу другите, Франција, Италија, Романија, Холандијаи Велика Британија во одговорите на писмата што македонскиот претседател БранкоЦрвенковски ги испрати до 26. држави-членки на НАТО.
“Мојата земја е силно ангажиранана самитот во Букурешт до трите земји кандидати за членство да биде упатенапокана за прием во Алијансата”, се наведува во писмото на шефот наиталијанската држава Џорџо Наполитано.
Лондон, исто така, ја потенцираподдршката на Македонија.
“Велика Британија е силенподдржувач на евроатлантските аспирации на Република Македонија“, се посочуваво писмото кое во име на Кралицата на Велика Британија и Северна ИрскаЕлизабета Втора, го испрати шефот на британската дипломатија Дејвид Милибанд.
Романскиот претседател ТрајанБасеску е цврсто убеден дека големото проширување на НАТО, кое би ги вклучилотрите земји кандидати, е создаде бенефиции не само за поканетите земји, туку иза регионалната и евро-атлантска безбедност во целост.
“Сметам дека прогресотреализиран од Вашата земја во доменот на внатрешните реформи и во процесот надемократската трансформација, како и придонесот во обезбедување намеѓународниот мир ја квалификува Македонија да го заземе заслуженото место ворамките на НАТО семејството”, се наведува во писмото.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-08-28 Во тек истрагата за авионската несреќа ...повеќе
2008-08-28 Активен пожарот на Кајмакчалан ...повеќе
2008-08-28 Успешно тестиран руски антиракетен „Топољ“ ...повеќе
2008-08-28 Нов предлог за името идната недела ...повеќе
2008-08-28 Четири загинати во авионска несреќа во охридско ...повеќе
2008-08-28 Косачов: Москва може да го признае и Косово ...повеќе
2008-08-28 Четири лица загинаа во авионска несреќа во охридско ...повеќе
2008-08-28 Мал авион се урна во охридско ...повеќе
2008-08-28 Албанија го осуди признавањето на Осетија и Абхазија ...повеќе
2008-08-28 Земјотрес во Албанија, нема информации за жртви ...повеќе
2008-08-28 Федерација на фармери - Притисоци врз кумановските сточари ...повеќе
2008-08-28 Обама номиниран за претседателски кандидат ...повеќе
» Останати топ вести |
|