|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
Американски инвеститори го тужат Сосиете Женерал
Њујорк - 2008-03-13
Група американски инвеститори поднесоазаедничка тужба против француската банка „Сосиете Женерал“ пред федералниот судво државата Њујорк.
Тие тврдат дека банката ги измамила со погрешна информација за нејзинатаизложеност во кризата со американските хипотекарни кредити, а сметаат и дека сонавремена реакција можела да биде спречена големата брокерска измама, со која„Сосиете Женерал“ беше „олеснета“ за близу пет милијарди евра. . Б анката и нејзиниот директор ДанијелБутон ги наведувале инвеститорите на погрешни заклучоци за активностите набанката и нејзината изложеност на пазарот на секундарните хипотекарни кредити, се наведува во тужбата.
Инвеститорите се жалат и зарадиненавремена реакција на сигналите за неправилности во тргувањето на една одслужбите на банката, што резултираше со огромни загуби.
Тужбата е поднесена во име на ситетаканаречени ADR (Americandepository receipts) инвеститори, како и во името на сите американски купувачи на акциите на Сосиете Женерал вопериодот од 1 август 2005 до 23 јануари 2008 година.
Сосиете Женерал изминатата 2007 година ја заврши со пад на добивката од 82отсто, што беше предизвикано најмногу заради измамата на еден нејзин брокер.
Француската Сосиете Женерал е мнозински сопственик на македонската Охридскабанка.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-09-06 Најмалку 20 загинати при одрон на камења во Каиро ...повеќе
2008-09-06 Македонија води против Шкотска со 1:0 ...повеќе
2008-09-06 Томислав Николиќ поднесе оставка од местото заменик претседател на СРП ...повеќе
2008-09-06 Разбојници нападнале бензиски пумпи и одзеле 135.000 денари ...повеќе
2008-09-06 Косово не прифаќа признавање на незвисноста од Абхазија ...повеќе
2008-09-06 Притвор за прилепчанец што ограбил 87 годишна старица ...повеќе
2008-09-06 Сопругот на Беназир Буто е нов претседател на Пакистан ...повеќе
2008-09-06 Медведев: САД повторно ја вооружуваат Грузија ...повеќе
2008-09-06 Милошоски на неформален состанок на ЕУ ...повеќе
2008-09-06 „Зери“:Македонија наскоро ќе го признае Косово ...повеќе
2008-09-06 Најмалку 500 загинати во ураганот Хана на Хаити ...повеќе
2008-09-06 Стапката на невработеност во САД-најголема за пет години ...повеќе
» Останати топ вести |
|