|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
Кина за состојбата на човековите права во САД
Пекинг - 2008-03-13
Пекинг денеска објави свој извештај за човекови права во кој ги обвинува САДза “ароганција и хипокризија“, со оценка дека нападот врз Ирак е “најголемахуманитарна катастрофа на современиот свет“.
“Арогантната критика на САД за човековите права во другите држави секогаш епроследено со намерно заборавање на проблемот со човековите права на сопственатериторија“, се наведува во годишниот извештај на Кина.
Според истиот извор, “тоа не само што е во спротивност со општоприфатенитенорми на меѓународното право туку и доказ за двојни стандарди и вистинскахипокризија на САД по прашањето на човекови права“.
“САД се познати по тоа дека газеа по суверенитетот на другите држави, какои човековите права во тие држави“, се наведува во извештајот насловен како“Човекови права во САД во 2007 година“.
Текстот истакнува дека “инвазијата на американската војска на Ирак довеладо најголема трагедија во смисла на кршење на човековите права и најголемакатастрофа на современиот свет“.
Извештајот наведува и дека САД се неспособни да ја сузбијат сиромаштијата икриминалот на своја територија и ги критикуваат неумерените трошоци за кампањаспроти изборите за претседател што е се одржат годинава.
Состојбата на човековите права е “бедна и ужасна“, се посочува на крајот одтекстот.
Стејт департментот, во годишниот извештај за состојбата на човекови прававо светот, ја критикува Кина поради ограничување на слободата на говорот, цензурирање на интернет, како и наводно насилно преселување на граѓани за да сенаправи место за проекти поврзани со августовските Олимписки игри.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-09-06 Најмалку 20 загинати при одрон на камења во Каиро ...повеќе
2008-09-06 Македонија води против Шкотска со 1:0 ...повеќе
2008-09-06 Томислав Николиќ поднесе оставка од местото заменик претседател на СРП ...повеќе
2008-09-06 Разбојници нападнале бензиски пумпи и одзеле 135.000 денари ...повеќе
2008-09-06 Косово не прифаќа признавање на незвисноста од Абхазија ...повеќе
2008-09-06 Притвор за прилепчанец што ограбил 87 годишна старица ...повеќе
2008-09-06 Сопругот на Беназир Буто е нов претседател на Пакистан ...повеќе
2008-09-06 Медведев: САД повторно ја вооружуваат Грузија ...повеќе
2008-09-06 Милошоски на неформален состанок на ЕУ ...повеќе
2008-09-06 „Зери“:Македонија наскоро ќе го признае Косово ...повеќе
2008-09-06 Најмалку 500 загинати во ураганот Хана на Хаити ...повеќе
2008-09-06 Стапката на невработеност во САД-најголема за пет години ...повеќе
» Останати топ вести |
|