Delcevo - Makedonija
ГЛАВНО МЕНИ
•  Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура
•  Историјат
•  Телефонски именик
•  Спорт
•  Галерија
 
•  FORUM
•  CHAT
 
•  Контакт
•  Impressum
•  Линкови
•  Kreuzfarten
 
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
 
Makedonija: Vesnik.Com - Besplatni mali oglasi na internet!
 ВЕСТИ
Македонија
Македонија, генерално, ги почитува човековите права
Вашингтон - 2008-03-12
 
Македонија генерално ги почитувачовековите права иако полициската злоупотреба и трговијата со луѓе и натаму се проблемво државата.

Ова се наведува во Извештајот наСтејт департментот за состојбата на човековите права во 190 држави ширум светотво текот на 2007 година, објавен сино а.

Извештајот, во делот заМакедонија, наведува дека полициската злоупотреба на осомничени и полицискотомалтретирање на етничките малцинства и натаму се проблем иако властите гипреземаат сите мерки да ја зајакнат контролата на полицијата.

Стејт департментот оценува дека корупцијатаво Министерствата за внатрешни работи и правда, како и политичкиот притисок штосе врши врз нив, судовите и канцеларијата на јавниот обвинител, ја попречилеистрагата и судската разврска на некои наводи за злоупотреба на човековитеправа.

Трговијата со луѓе во Македонијаи натаму е проблем, посочува Вашингтон. Се забележува дека во државата, којаглавно беше транзит на трговците со луѓе, се зголемува бројот на лица кои севмешани во внатрешна трговија на луѓе.

Извештајот, сепак, додава дека зголеменотовладино внимание придонело за опаѓање на некои форми на оваа трговија минататагодина.

Американската Влада во делот наслободата на медиумите посочува дека властите во Македонија, генерално, гопочитуваат законското право на новинарите за слобода на говорот, иако, како штосе наведува, “постојат обвинувања за закани врз медиуми кои не известуваат вокорист на Владата, како и суптилен притисок од страна на Владата“.

Општествената дискриминација наетничките малцинства, особено Ромите трае и натаму, меѓутоа, напнатоста меѓуетнички македонското и етнички албанското население продолжила да опаѓа, севели Извештајот.

Условите во затворите низМакедонија едвај ги исполнуваат меѓународните стадарди со слаби хигиенскиуслови и медицинска нега, несоодветно буџетско финансирање и пренатрупаност назатвореници, оценува Стејт департментот.

Инаку, Извештајот, што гопретстави државниот секретар на Кондолиза Рајс, во светски рамки ги ублажувакритиките на сметка на Кина а ги зголемува кон Русија. Се додава дека Сирија, Узбекистан и Судан се меѓу десетте режими кои се на “врвот“ на државите штонајмногу ги кршат човековите права.

“Овој документ е напишан сооптимизам дека ниту еден агол на светот не е трајно осуден на тиранија“, изјавиРајс сино а во Вашингтон.

Извештајот на Стејт департментотза состојбата на човековите права во 2007 година не ја разгледува состојбата начовекови права во САД.
 

 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
2008-08-21
Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ...повеќе

2008-08-21
Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ...повеќе

2008-08-21
Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ...повеќе

2008-08-21
Голем интерес за концесии за патишта ...повеќе

2008-08-21
Декларација за заштита на Охридското Езеро ...повеќе

2008-08-21
САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ...повеќе

2008-08-21
Караџиќ доби една битка во Хашкиот суд ...повеќе

2008-08-21
Поставен камен-темелник за изградба на водовод во Центар Жупа ...повеќе

2008-08-21
Најмалку 20 загинати во експлозија во Исламабад ...повеќе

2008-08-21
Рајс во ненајавена посета на Ирак ...повеќе

2008-08-21
Во Јужна Осетија ќе има само руски миротворци, не и грузиски ...повеќе

2008-08-21
Приливот на капитал во Русија ќе расте за 10 млрд. долари годишно ...повеќе


» Останати топ вести