|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Учениците Македонци од Струга бараат етнички смени
Охрид - 2008-03-10
Учениците Македонциод средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ од Струга денеска сопротести побараа воведување на етнички смени во училиштата.
На протеститепред зградата на Општината и пред подрачната единица на Министерството заобразование и наука, учениците изразија незадоволство од неспроведувањето назаклучоците од состанокот на градоначалникот Рамиз Мерко со раководителите научилиштата, на кој беше заклучено најдоцна до 10-ти март наставата во среднитеучилишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ да почне да се одвива во етнички смени.
Тие најавија деканема да одат на училиште се додека не се спроведе тој заклучок.
Раководителите научилиштата велат дека се уште не се создадени услови за воведување етничканастава, а за тоа не се изјаснило ниту Министерството за образование.
Градоначалникотна Струга Рамиз Мерко денеска се сретна со раководителите на училиштата од коибило побарано да организирааат заедничка средба со учениците за да се изнајдерешение за проблемот.
На оваа темаденеска во организација на невладината организација Аква се одржува трибина накоја за етничките тензии меѓу учениците разговараат експерти, професори, ученици, претставници на локалната самоуправа, на невладините организации имедиуми.
Барањето заетнички смени на учениците Македонци следи по масовните тепачки меѓу ученициМакедонци и Албанци пред десетина дена.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-09-08 Холбрук ги повика Скопје и Подгорица да го признаат Косово ...повеќе
2008-09-08 Обдукцијата не ја откри причината за смртта на Дино Дворник ...повеќе
2008-09-08 Средба Саркози-Медведев ...повеќе
2008-09-08 Пораст на илегалните имигранти во Грција ...повеќе
2008-09-08 “Ал Каеда“ повеќе не е способна за масовни атентати ...повеќе
2008-09-08 Ограбена златара во Чаршија, ограбувачите го вратиле златото ...повеќе
2008-09-08 Унгарецот Персели победник на атлетскиот маратон ...повеќе
2008-09-08 Русија е против мисија на ЕУ во Грузија ...повеќе
2008-09-08 Приходите од нафта во Иран надминаа 80 млд.долари ...повеќе
2008-09-08 Албанија ги повлекува банкнотите од 100 и 200 леки ...повеќе
2008-09-08 Италија ќе врати затвореници во Албанија ...повеќе
2008-09-08 Ричард Холбрук на Косово ...повеќе
» Останати топ вести |
|