|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Корупција во Корупција - најматно во февруари
Скопје - 2008-03-10
„Тајниот“ реизбор на претседателката на Државната комисија за спречувањена корупцијата (ДКСК), е најматен настан во февруари според анкетата во која гласаат главниуредници.
За февруари не беше избран позитивен настан во сферата на борбата на противкорупцијата. Според критериумите на составувачите на анкетата немаше настан којби можел да се најде на листата.
Во февруарската анкета„Бистро - Матно“ на Независната новинска агенција Макфакс и на невладинатаорганизација „Транспарентност - нулта корупција“ учествуваа главни уредници во 17 највлијателнипечатени и електронски медиуми во Македонија.
Најматен настан, според шест главни уредници, е (ре)изборот на претседателката на Државнатакомисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Мирјана Димовска. Постапката беше спроведенаво најголема тајност, за подоцна дискретно да се обелодени дека претседателкаповторно е избрана на истата функција.
Претходно, законската одредба според која претседателотДКСК се избира на една година, без право на реизбор, беше променета. Антикорупциската комисија работеше врз овој принцип од своето основање, а ова епрв реизбор.
Отсуството на соодветно објаснување и начинот накој е извршен реизборот предизвикаа сомневања. Особено во делот од јавноста, кој и без тоа смета дека Антикорупцискатакомисија за време на првиот мандат на претседателката не била премногу активна, особено во неколку случаи, поврзани со активностите на власта.
На второ и трето место, рамноправно, со почетири гласа се најдоа два случаји - пресудата за силувачите на двемалолетнички во Куманово, како и владината рекламна кампања „Е-Македонија“, сокоја се фаворизираат одделни приватни фирми.
Шок и револт се уште владее во кумановскатајавност, а особено во семејствата на две 14-годишни девојчиња. Повод еослободителната пресуда за четворица силувачи, тинејџери, кои се од познатикумановски семејства. Насилството и силувањето врз малолетничките се случило воку ата на еден од малолетниците, кој е син на судија.
Владината кампања „Е-Македонија“ во која серекламираат бизнисмени од приватниот сектор го дели второто и третото место налистата на матни настани за февруари. Со тоа отворено се фаворизираат компании, за кои може да се рече, дека се блиски до владата. Спорен е и фактот штоВладата во оваа рекламна кампања троши буџетски – народни – пари за рекламирањена приватни фирми.
Овој случај, но и вкупното рекламирање наВладата, навлегува во сива зона на суптилна корупција, насочена кон ситекатегории граѓани. Покрај тоа, Владата редовно се рекламира во исти медиуми, сошто овие гласила ги држи цврсто под контрола.
На четврто место на Матната листа, со еден глас, е обидот на Владата да влијае врз работата на Уставниот суд. Повод е оценувањетона уставноста за воведување на веронаука во училиштата. Владата во писмото молисудот расправата за ова контроверзно прашање, да ја одложи за одреден период.
Анкетата „Бистро - Матно“, во којаучествуваат главни уредници на национални медиуми, како дел од борбата противкорупцијата се спроведува од декември 2004. година. Во анкетата за јануариучествуваа телевизиите, А1, Телма, Канал 5, Алсат, радиоКанал 77, дневните весници Бизнис, Вечер, Вест, Време, Дневник, Лајм, Утринскивесник, Факти, интернет весникот Лоби, неделниците Глобус, Капитал и Фокус.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-08-21 Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ...повеќе
2008-08-21 Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ...повеќе
2008-08-21 Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ...повеќе
2008-08-21 Голем интерес за концесии за патишта ...повеќе
2008-08-21 Декларација за заштита на Охридското Езеро ...повеќе
2008-08-21 САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ...повеќе
2008-08-21 Караџиќ доби една битка во Хашкиот суд ...повеќе
2008-08-21 Поставен камен-темелник за изградба на водовод во Центар Жупа ...повеќе
2008-08-21 Најмалку 20 загинати во експлозија во Исламабад ...повеќе
2008-08-21 Рајс во ненајавена посета на Ирак ...повеќе
2008-08-21 Во Јужна Осетија ќе има само руски миротворци, не и грузиски ...повеќе
2008-08-21 Приливот на капитал во Русија ќе расте за 10 млрд. долари годишно ...повеќе
» Останати топ вести |
|