|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Македонија
Корупција во Корупција - најматно во февруари
Скопје - 2008-03-09
„Тајниот“ реизбор на претседателката на Државната комисија заспречување на корупцијата (ДКСК), е најматен настан во февруари според анкетата во која гласаатглавни уредници.
За февруари не беше избран позитивен настан во сферата на борбата на противкорупцијата. Според критериумите на составувачите на анкетата немаше настан којби можел да се најде на листата.
Во февруарската анкета „Бистро - Матно“ на Независнатановинска агенција Макфакс и на невладината организација „Транспарентност -нулта корупција“ учествуваа главниуредници во 17 највлијателни печатени и електронски медиуми во Македонија.
Најматен настан, според шест главниуредници, е (ре)изборот на претседателката наДржавната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Мирјана Димовска. Постапката беше спроведена во најголема тајност, за подоцна дискретно да сеобелодени дека претседателка повторно е избрана на истата функција.
Претходно, законската одредба според која претседателот ДКСК се избира наедна година, без право на реизбор, беше променета. Антикорупциската комисијаработеше врз овој принцип од своето основање, а ова е прв реизбор.
Отсуството на соодветно објаснување и начинот на кој е извршен реизборотпредизвикаа сомневања. Особено во делот од јавноста, кој и без тоа смета дека Антикорупцискатакомисија за време на првиот мандат на претседателката не била премногу активна, особено во неколку случаи, поврзани со активностите на власта.
На второ и трето место, рамноправно, со по четири гласа се најдоа два случаи- пресудата за силувачите на две малолетнички во Куманово, како и владинатарекламна кампања „Е-Македонија“, со која се фаворизираат одделни приватнифирми.
Шок и револт се уште владее во кумановската јавност, а особено восемејствата на две 14-годишни девојчиња. Повод е ослободителната пресуда за четворицасилувачи, тинејџери, кои се од познати кумановски семејства. Насилството исилувањето врз малолетничките се случило во ку ата на еден од малолетниците, кој е син на судија.
Владината кампања „Е-Македонија“ во која се рекламираат бизнисмени одприватниот сектор го дели второто и третото место на листата на матни настаниза февруари. Со тоа отворено се фаворизираат компании, за кои може да се рече, дека се блиски до владата.
Спорен е и фактот што Владата во оваа рекламнакампања троши буџетски – народни – пари за рекламирање на приватни фирми.
Овој случај, но и вкупното рекламирање на Владата, навлегува во сива зонана суптилна корупција, насочена кон сите категории граѓани. Покрај тоа, Владатаредовно се рекламира во исти медиуми, со што овие гласила ги држи цврсто под контрола.
На четврто место на Матната листа, со еден глас, е обидот на Владата давлијае врз работата на Уставниот суд. Повод е оценувањето на уставноста за воведување на веронаука воучилиштата. Владата во писмото го замолува судот расправата за ова контроверзнопрашање, да ја одложи за одреден период.
Анкетата „Бистро- Матно“, во која учествуваат главни уредници на национални медиуми, како делод борбата против корупцијата се спроведува од декември 2004. година. Воанкетата за февруари учествуваа телевизиите, А1 , Телма, Канал 5, Алсат, радио Канал 77, дневнитевесници Бизнис, Вечер, Вест, Време, Дневник, Лајм, Утрински весник, Факти, интернет весникот Лоби, неделниците Глобус, Капитал и Фокус.
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-08-21 Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ...повеќе
2008-08-21 Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ...повеќе
2008-08-21 Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ...повеќе
2008-08-21 Голем интерес за концесии за патишта ...повеќе
2008-08-21 Декларација за заштита на Охридското Езеро ...повеќе
2008-08-21 САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ...повеќе
2008-08-21 Караџиќ доби една битка во Хашкиот суд ...повеќе
2008-08-21 Поставен камен-темелник за изградба на водовод во Центар Жупа ...повеќе
2008-08-21 Најмалку 20 загинати во експлозија во Исламабад ...повеќе
2008-08-21 Рајс во ненајавена посета на Ирак ...повеќе
2008-08-21 Во Јужна Осетија ќе има само руски миротворци, не и грузиски ...повеќе
2008-08-21 Приливот на капитал во Русија ќе расте за 10 млрд. долари годишно ...повеќе
» Останати топ вести |
|