|
|
 |
|
ВЕСТИ
|
 |
Свет
Американски бизнисмен осуден заради „Нафта за храна"
Њујорк - 2008-03-08
Тексашкиот бизнисмен Дејвид Чалмерс е осуден од судот во Њујорк на казназатвор од две години откако призна дека испла ал милиони долари поткуп на Иракво врска со програмата на ОН „Нафта за храна“.
Чалмерс и раководенитеод него две нафтени компании се осудени да вратат девет милиони долари.
Американскиот бизнисменбеше обвинет дека оваа сума му ја исплатил во вид на поткуп на режимот на СадамХусеин за да добие пристап до нафтата што Ирак ја извезуваше во рамките напрограмата на Обединетите нации.
Во врска со истиотслучај, бугарскиот бизнисмен Људмил Дионисиев, кој работелво Хјустон како консултантна Чалмерс, беше осуден во декември на две години затвор условно иглоба од 5 000 долари.
Програмата на ОН „Нафта за храна" започна на крајот од 1996 година и заврши на почетокот на 2003 година. Врамките на овој проект, на Ирак му беше дозволено да продава определеноколичество нафта и со добиенитесредства да купува храна илекови во вкупна вредност од 67 милијарди долари.
Програмата требаше да ги ублажи санкциите, што беа воведени на режимот на поранешниотирачки претседател Садам Хусеин заради окупацијата на Кувајт во 1990 година
|
|
|
 |
| НАЈНОВИ ВЕСТИ |
2008-09-07 Почина познатиот хрватски пејач Дино Дворник ...повеќе
2008-09-07 Македонски пограничен полицаец фатен во Драч со 4,2 кг. хероин ...повеќе
2008-09-07 Полската опозиција бара референдум за антиракетниот штит ...повеќе
2008-09-07 Караманлис не е оптимист за грчко-македонскиот спор за името ...повеќе
2008-09-07 Расте бројот на загинатите во несреќата на словачкиот автобус во Хрватска ...повеќе
2008-09-07 Жител на Житоше блудничел врз девојка со пречки во развојот ...повеќе
2008-09-07 Полицијата откри оужје во зграда во Чаир ...повеќе
2008-09-07 Уапсени рекетари за изнуда на над 377 000 евра ...повеќе
2008-09-07 ЕУ ќе испрати 200 набљудувачи во Грузија ...повеќе
2008-09-07 Најмалку 10 загинати во сообраќајна несреќа на словачки автобус во Хрватска ...повеќе
2008-09-07 Хрватска го очекува најтоплиот септемвриски ден по 62 години ...повеќе
2008-09-07 Шпанија драстично ги намалува работните визи за странци ...повеќе
» Останати топ вести |
|