Delcevo - Makedonija
ГЛАВНО МЕНИ
•  Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура
•  Историјат
•  Телефонски именик
•  Спорт
•  Галерија
 
•  FORUM
•  CHAT
 
•  Контакт
•  Impressum
•  Линкови
•  Kreuzfarten
 
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
 
Makedonija: Vesnik.Com - Besplatni mali oglasi na internet!
 ВЕСТИ
Македонија
Рен: Историска година за пристапување на Македонија во ЕУ
Скопје - 2008-03-06
 
Оваа година можеда биде историска во процесот за пристапување на Македонија во Европскатаунија.

Ова денеска во Скопје по средбата сомакедонскиот премиер Никола Груевски го изјави еврокомесарот за проширување ОлиРен.

„Земјата постигна значителеннапредок во последните месеци во однос на политичкиот дијалог и донесување наконкретни закони и реформи во судството и полицијата“, рече Рен.

Тој додаде дека земјата би покажалаподготвеност за почеток на пристапните преговори ако се остварат клучнитереформи оваа година.

Рен нагласи дека ЕУ поставила јаснапатека кон започнување пристапни преговори со утврдување јасни критериуми штотреба да бидат исполнети.

Комисијата вчера во Бриселобјави дека приоритетите за Македонија се обврските преземени од Спогодбата заасоцијација и стабилизација, политичкиот дијалог, имплементација на законот заполиција и антикорупциска легислатива, реформи во судската и јавнатаадминистрација, како и мерки во политиката на вработување и подобрување набизнис климата.

„Убеден сум дека силната политичкаволја е придонесе за исполнување на овие барања, од Парламентот се бараефикасно работење а од администрацијата примена на усвоените закони“, изјавиРен

Одлуката за тоа дали Европскатакомисија е започне преговори за членство на Македонија во ЕУ е биде донесенакон крајот на октомври или почетокот на ноември, во извештајот на ЕК заМакедонија.

Запрашан за проблемот со името, односно дали тоа би можело да биде кочница за македонското интегрирање во ЕУ, Рен порача дека треба да продолжат напорите со конструктивен пристап, наоѓањекомпромисно решение што би имало позитивен ефект на процесот на пристапување воЕУ.

Од своја страна македонскиот премиерГруевски истакна дека владата ве е подготвила акционен план со кој планира даги исполни клучните барања што Рен ги достави денеска во Скопје.

Истовремено Груевски ја повикаопозицијата да соработува во целиот процес со цел заеднички да се дојде допочеток на преговорите.
 

 
НАЈНОВИ ВЕСТИ
2008-08-21
Нимиц – Шансата за напредок да не се пропушти ...повеќе

2008-08-21
Најмалку 114 загинати во поплави во Индија ...повеќе

2008-08-21
Македонскиот премиер ја обвини Грција за саботажа на преговорите за името ...повеќе

2008-08-21
Голем интерес за концесии за патишта ...повеќе

2008-08-21
Декларација за заштита на Охридското Езеро ...повеќе

2008-08-21
САД и Ирак близу до договор за иднината на американските сили ...повеќе

2008-08-21
Караџиќ доби една битка во Хашкиот суд ...повеќе

2008-08-21
Поставен камен-темелник за изградба на водовод во Центар Жупа ...повеќе

2008-08-21
Најмалку 20 загинати во експлозија во Исламабад ...повеќе

2008-08-21
Рајс во ненајавена посета на Ирак ...повеќе

2008-08-21
Во Јужна Осетија ќе има само руски миротворци, не и грузиски ...повеќе

2008-08-21
Приливот на капитал во Русија ќе расте за 10 млрд. долари годишно ...повеќе


» Останати топ вести